• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Нега на косата со домашни препарати

by РиД 29/07/2012 0 Comment
 Нега на косата со домашни препарати

Јајца, јогурт и мед, освен вкусни продукти за појадок се и добри состојки за подготовка на природни третмани за нега на косата. И не само тие. За оваа цел можат да ви послужат и други домашни продукти кои ќе ви овозможат на природен начин на ја одржувате убава и сјајна вашата коса.

За сите типови коса

„Свежите јајца се најдобри во секој поглед„ – вели Џенис Кокс, авторка на книгата „Природна убавина дома„. Жолчката која е богата со масти и протеини, природно ја навлажнува косата, додека белката која содржи квалитетни ензими, ги отстранува несаканите маснотии од косата – објаснува таа.

Употреба– за нормална коса искористете го целото јајце, за мрсна коса само белката, додека ако имате проблем со сува коса, ставете жолчка. Количината одредете ја во зависност од должината и густината на косата. Секогаш треба да имате доволно за да ги покриете скалпот и целата должина на косата. Оставете да делува 20 минути, исплакнете со млака вода (ако е топла водата јајцето ќе се „вари“) и измијте со шампон. Третманот со цело јајце или белка може да се повтори еднаш месечно, додека со жолчка може секоја втора недела.

Истоштена коса

По правење фризури, нанесување разни препарати за одржување на фризурата, косата е истоштена и изморена, па потребно е да се вратат сјајот и мекоста. Јогуртот е одличен за таа намена, бидејќи лесно ги отстранува нанесените продукти за моделирање на фризурата.

Употреба – измасирајте ½ чаша јогурт на влажна коса и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со топла вода, потоа со млака, па измијте со шампон, како секој пат. Третманот може да се повтори секоја втора недела.

Коса со првут

За да се ослободите од чешањето и појава на првут, кои се појавуваат од различни причини, направете мешавина од сок од лимон и маслиново масло. „Киселоста од лимонот помага да се ослободите од чешањето и првутот, додека маслиновото масло ја навлажнува кожата на главата„ – открива Кокс.

Употреба – измешајте 2 лажици свежо цеден сок од лимон, 2 лажици маслиново масло и 2 лажици вода. Со ова масирајте го скалпот претходно навлажнет. Оставете да делува 20 минути, исплакнете и измијте со шампон. Може да го повторите третманот секоја втора недела.

За коса без волумен

За да и‘ дадете волумен на својата коса искористете пиво! Овој ферментиран пијалак содржи голема количина јачмен, кој помага во зголемување на волуменот на косата.

Употреба – измешајте ½ чаша пиво (оставете го претходно во сад да стои отворено неколку часа за да се ослободи од карбонизацијата) со 1 лажичка масло (сончогледово или од канола), додајте едно свежо јајце. Нанесете на чиста влажна коса, оставете да стои 15 минути, па исплакнете со ладна вода. Или ставете пиво во прскалка и нанесете на сува коса. „Коа ќе испари течноста, останатите протеини помагаат во подобрување на волуменот на косата„ – објаснува Кокс. Третманот може да се повтори секоја втора недела.

Сува и оштетена коса

Која и да е причината за сушењето и оштетувањето на косата (сонце, третмани и др.) медот е природен навлажнувач кој може да ви помогне.

Употреба– измасирајте околу ½ чаша мед на сува и влажна коса. Оставете да делува 20 минути, па измијте со млака вода. Исто така можете да додадете во него 1 – 2 лажици маслиново масло кое ќе ви помогне полесно да го распоредите медот. Или можете да додадете 1 – 2 лажици продукти богати со протеини (пасирано авокадо, матена жолчка) кои ќе помогнат во заштита на косата. Третманот може да се повтори еднаш месечно.

За мрсна коса

Решението е нишесте или пченкарно брашно.

Употреба – една лажица пченкарно брашно или нишесте ставете во празен соларник и посипете по сува коса, на скалпот, додека го потрошите. По 10 минути исчешлајте ја косата со четка, додека го остраните. Третманот може да се повтори секој втор ден. Ако имате темна коса внимавајте дали добро сте ја исчеткале и сте ги отстраниле остатоците од нишесте или пченкарно брашно.

За неправилно кадрава коса

Домашен експерт е авокадото. Неговите масти и протеини помагаат во омекнување на косата и и‘ ја враќаат природната свиленкост.

Употреба – изгмечете пола авокадо и измасирајте го на чиста влажна коса. Оставете да делува 15 минути пред да исплакните со вода. Влажноста на косата можете да ја подобрите со комбинирање на гмечено авокадо со 1- 2 лажици продукти кои ја подобруваат хидратацијата на косата како – јогурт, жолчки или мајонез. Третманот може да го повторите на секои две недели.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 222

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: avokado jajce kosa maslinovo maslo nega pivo prirodni produkti авокадо јајце коса маслиново масло нега пиво природни продукти
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved