• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Двојките со женски деца почесто се разведуваат

by РиД 03/03/2013 0 Comment
 Двојките со женски деца почесто се разведуваат

Жените кои имаат ќерки почесто бараат развод, бидејќи девојчињата се и помош во домот. Мажите не сакаат синовите да им растат без татко, па двојките со машки деца опстануваат подолго. Тоа го тврдат американските научници. И не само што нивното истражување покажало дека двојките кои имаат машко дете почесто остануваат заедно, туку и немажените жени кои носат син имаат поголеми шанси за венчавки. Разведените мајки на девојчиња имаат помали шанси за повторна мажачка и останување во брак од оние кои имаат синови.

Истражувачите проучувале податоци од три милиони возрасни Американци и откриле дека почесто се разведуваат двојките на кои првороденото им е женско. Факторот развод пораснал за десет проценти во случаите кога двојката имала три ќерки, но научниците не откриле зошто девојчињата „лошо“ влијаат на бракот.

Психолозите сугерираат дека девојчињата им даваат сила и поттик на мајките да излезат од лошиот брак, наместо очајнички да се обидуваат да спасат лоша врска.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека на мажите самата институција брак им се чини поатрактивна ако прво добијат син. Исто така повеќе вложуваат во бракот и не сакаат синот да им расте без татко.

Податоците покажуваат дека во САД дури 73 % разводи ги иницираат жените, што фрла поинакво светло на мотивите на мажите кои решаваат да останат со своето семејство. Жените кои имаат ќерки почесто бараат развод, бидејќи девојчињата се и помош во куќата. Во тоа веројатно се крие и причината зошто разведените жени со ќерки поретко повторно се мажат. Повеќето со своите ќерки наоѓаат социјална поддршка и друштво, па имаат помала потреба за влегување во брак.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 527

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: maski deca razvod zenski deca женски деца машки деца развод
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved