Пронајден е шевролетот од „Ефтини приказни“
Весникот „Сан Бернардино каунти Сан“ пишува дека пред неколку дена автомобилот „шевел малибу„ од 1964 година, чиј сопственик е режисерот Квентин Тарантино, бил најден во област во заливот Сан Франциско. Автомобилот во црвена црешова боја, во филмот го возеше ликот кој го играше Џон Траволта. Властите не веруваат дека неговиот сегашен сопственик има врска со кражбата, туку дека е жртва на измама.