Пролетни „Поточиња“
Oвој викенд, на 26ти и 27ми март, во МОБ ќе се одржи новото издание на детскиот музички фестивал „Поточиња“.
Како и секоја година, „Поточиња“ со игра и песна ќе ја најават пролетта. Од организаторот Пап продукција најавуваат многу забава и изненадувања за сите присутни.
Водител на фестивалот во маската на нотата „Поки” ќе биде македонскиот актер, Мартин Јордановски, веќе познат за детската публика.
Претставите се со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот, а билетите може да се набават на Билетарата на МОБ, Југотон, ½ Југотон и цвеќара Розе Веро 2.