3 малку познати предности на доењето
Досега сте слушале за многуте бенефити од доењето, но со овие не знаеме дали сте запознаени.
1. Доените бебиња мирисаат подобро
За разлика од лошиот мирис на изметот кај бебето хрането со вештачко млеко, кај доените бебиња тој има мирис кој потсетува на млечна каша. За среќа тоа го олеснува менувањето пелени, бидејќи доените бебиња го празнат мешето и по неколку пат и на ден.
2. Доените бебиња имаат поубава кожа
Искусните педијатри, со тек на годините во својата работа, можат по изглед и допир на бебешката кожа да кажат дали бебето е на вештачко млеко или доено. Кожата кај доено бебе е помека и понежна. Кожата кај бебињата хранети со вештачко млеко, често е погруба, сува и на допир рапава. Според стручњаците, кожата кај бебињата хранети на различен начин има различна структура во распореде на масно и мускулно ткиво.
3. Доените бебиња имаат подобр вид
Не само што мајчиното млеко помага во изградбата на мозокот и развојот на здраво тело, исто така студиите покажале дека доените бебиња имаат подобар вид. Според научниците причина за тоа е присуството на ДХА (омега три масна киселина) која е главна во изградбата на рожницата во окото. Тоа е посебно забележано кај предвреме родени бебиња.