• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Олеснете си го породувањето

by РиД 14/10/2012 0 Comment
 Олеснете си го породувањето

Во тек на бременост,а особено во третото тромесечие, почнуваат подготовките за породувањето. Некои трудници одат на часови и вежби за опуштање, некои многу читаат и се информираат за различните техники на породување, некои размислуваат за средства за намалување на болките или дури и за царски рез. Подготовките за породувањето, се важни, бидејќи некои од техниките за олеснување на породувањето навистина ќе ви помогнат кога тоа ќе почне. Еве неколку совети како да си го олесните периодот на зачестени болки.

1. Опуштање и визуелизација

Кога ќе станат болките интензивни, потребно е што повеќе да се опуштите, иако вашиот природен инстикт ќе ви го вели спротивното. Доколку успеете, не само што вашето тело полесно ќе го поднесе процесот на раѓање, туку опуштањето ќе ја релаксира матката и ќе овозможи попродуктивни контракции. Тоа воедно ќе му овозможи на телото да лачи ендорфин, кој всушност е природна супстанција за ублажување на болките. Доколку доволно се опуштите и не бидете под стрес, ќе му овозможите на вашето бебе подобра исхрана со кислород. Освен тоа, така ќе ја сочувате силата за породувањето и ќе бидете помалку исцрпена кога ќе дојде бебето на свет.

Некои жени успеваат да се опуштат низ техниката на визуелизација. Тоа е нешто кое можете да го вежбате во тек на бременоста, па да бидете подготвени кога ќе почне породувањето. Тоа можат да бидат визуелизации на било што кое ве прави среќна и опуштена, без разлика дали размислувате како лежите на мирно и тивко место, како што е зелена ливада, сончева плажа, удобен кревет или нешто слично кое ве релаксира. При тоа важно е да го одржите чувството на среќа и смиреност што ќе ви помогне да се релаксирате.

Корисно е и да ги визуелизирате контракциите како нешто друго, на пример секој бран болки можете да ги замислите како еден чекор во искачувањето на врв од планина.

2. Дишење

Правилното дишење исто ќе ви помогне да се опуштите. Во тек на контракциите, не заборавајте да дишете рамномерно, длабоко и полека. Фокусирајте се на дишењето, така ќе ги оттргнете мислите од контракциите и ќе се опуштите.

Корисни совети за техники на дишење кои ќе ви помогнат да се концентрирате:

– За време на болките, вдишете низ нос и полека издишете низ уста. Помеѓу болките потребно е да дишете нормално и опуштено.

– На некои жени им помага испуштањето звуци при дишењето, како што се „мммм„ или „аааа“.

– Фокусирајте се на некој друг, како на пример вашиот партнер, акушерката или едноставно некој предмет во просторијата и насочете го дишењето во таа насока.

– Доколку вашиот партнер е со вас на породувањето, поттикнете го да ви зборува додека издишувате, така при секое издишување уште повеќе ќе се опуштите и ќе бидете фокусирани на зборовите кои ги кажува.

3. Најдете добра положба

Положбата на телото има голема улога во олеснувањето на породувањето. Во тек на контракциите обидете се да ја менувате положбата на телото, па најдете ја онаа која ќе ви биде најудобна. Секако препорачливо е да се поместувате, движите и да не лежите цело време во иста положба. Во првата фаза на болки се препорачува:

– Исправена положба на телото која ќе го поттикне создавањето хормони неопходни за породување, а и влијанието на гравитацијата во таа положба е добредојдено.

– Положба со раширени нозе – клечење или седење исправено на стол, што ќе помогне да се рашири карлицата и да се направи повеќе простор.

– Положба во која телото ви е наведнато нанапред – ќе помогне да се прошири просторот меѓу грбот и долниот дел од карлицата. Во таа положба мускулите на матката попродуктивно ја вршат својата улога, а бебето има повеќе простор.

Доколку пак заборавите на сите совети, техники на дишење, положби и визуелизации, не грижете се. Породувањето е природен процес и потребно е само да ја задржите контролата и да го следите својот инстикт.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 525

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: disenje polesno poroduvanje vezbi вежби дишење полесно породување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved