Погрижете се за миленичето во зима
Без разлика дали вашата мачка престојува во домот или надвор од него, зимата и ниските температури можат да донесат промени во конзумирањето вода.
Оние кои се воглавно надвор, да дојдат до питка вода им е проблем бидејќи таа едноставно замрзнува на минусни температури. Додека тие кои се затворени во топлината на домот поради загревањето на просториите имаат поголема потреба од вода.
Многу е важно да обрнете внимание дали мачката пие доволно вода, бидејќи таа исто како луѓето им е потребна за важните телесни процеси, од метаболизам до лачење на отровите, па затоа недостигот на вода може да предизвика големи здравствени проблеми.
Но исто така многу тешко е да се процени колку вода испила мачката. Затоа внимавајте на овие знаци на дехидрација:
– „мамурни“ очи
– летаргија
– забрзана работа на срцето
– намалена еластичност на кожата
– тешко дишење и збивтање