Погачки со спанаќ
Состојки
За тестото
– 1/2 свеж квасец, 250 мл топла вода, 375 г брашно, 1/2 лажичка шеќер, 1/2 лажичка сол, 2 лажици маслиново масло, 1 јајце
За филот
– 800 г свеж спанаќ (400 г замрзнат), 1 голема главица кромид, 2 лимона, малку сол
Приготвување
Во мал сад измешајте ги водата, солта, квасецот и 1/2 чаша од брашно. Промешајте и тргнете го садот на страна, да почне да стасува. Во друг сад измешајте го маслиновото масло, солта и 2 чаши од брашното. Промешајте со лажица па додајте го стасаниот квасец и месете додека добиете воедначено тесто. По потреба додајте од останатото брашно за да се размеси убаво. Ставете го тестото во сад, покријте го и оставете го да стасува еден час. За тоа време подответе го филот. Ако користите замрзнат спанаќ одмрзнете го само. А ако користите свеж тогаш исчистете го, измијте го и исечкајте го. Ставете го сечканиот кромид во тава на малку масло заедно со спанаќот да омекне. Додајте го го сокот од лимон, солта и нека се динста додека испари течноста. Окако ќе биде тестото стасано сечете мали топчиња и секое сукајте го во круг. На средина ставајте од филот и затворете ги погачките да не истече. На крај премачкајте со матено јајце и печете ги на 200 степени половина час.