• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Кога е вистинско време да се престане со доење?

by РиД 20/11/2019 0 Comment
 Кога е вистинско време да се престане со доење?

Додека некои мајки не можат да дочекаат, други со сентименталност гледаат на престанокот на доење. Светската здравствена организација (СЗО) и македонските педијатри го препорачуваат доењето како единствена храна за бебето најмалку до шест месеци, по што бебето треба постепено да почне да се навикнува на овошни и зеленчукови кашички, но при тоа со дењето не треба да се престане, туку само да се намали бројот на подои.

 – Доењето е нормален процес кој треба да трае до година дена. Претставува најприроден, најблагодарен, најтопол и најдобар начин на исхрана на едно доенче, особено во првите шест месеци. Мајчиното млеко има апсолутни предности во однос на било кое друго млеко. Веќе над година дена потребно е исхраната да биде побогата и разноврсна – велат педијатрите.
Кога ќе се престане скроз со доењето, секако одлучува секоја мајка за себе и своето дете, при што најважно е да се потпре на своите чувства, а не на тоа што вели средината. СЗО препорачува дека повременото доење е добро до втората година, бидејќи мајчиното млеко е најдобрата храна за детето, содржи хранливи материи, го зајакнува имунитетот, спречува алергии и воспаленија.
– Доењето на деца после навршена година, во основа е еден тип на психолошка врска на мајката и детето, и најчесто се практикува навечер при заспивање. Иако постојат тенденции на долготрајно доење (во втора и трета година) сепак прекинот на доењето би требало да дојде по навршување на првата година – советуваат педијатрите.
Прекинот на доење треба да биде во мирен период, не кога растат запчиња или детето е болно, бидејќи тогаш доењето му е утеха и го смирува. Ако имате избор, зимските месеци се подобри, оти во тек на летото може да се јават проблеми со варењето. Најдобро е прво да се замени еден оброк со дохрана, со што вашето тело ќе се навикне на помало произведување млеко и стомачето на бебето ќе почне постепено да се навикнува на нова храна. При тоа бебето не треба да биде премногу гладно или уморно, затоа што ќе земе само неколку лажички кашичка.

Не очекувајте дека со доењето ќе престанете од денес за утре. Во некои случаи тоа е нужно, како на пример при престој на мајката во болница. Но при тоа настанува застој на млеко во градите и нивно воспаление, а ако сте приморани да го прекинете доењето нагло, побарајте помош од лекар.
Немојте да се изненадите ако детето на дванаесет месеци самото одбие да цица, тоа е дел од природниот процес на развој и осамостојување. Нема потреба да инсистирате да доите како што сте планирале до две години. Тоа е знак дека детето сака нешто поинакво од мајчиното млеко, па слободно понудете му кашички.
Со доенчињата е друга приказна. Ако тие без причина наеднаш одбиваат да цицаат, не се откажувајте. Прво побарајте ги причините – ако по породувањето ви почне циклусот, млекото во тој период го менува вкусот, ако сте смениле мирис или млеко за тело. Или можеби носето на бебето му е затнато. Ако упорно одбива бебето да цица, измолзете млеко и понудете му го со лажичка. Но ако ни тоа не помогне, ќе морате да земете адаптирано млеко. Во секој случај прво консултирајте се со педијатарот кој може да ви олесни во наоѓањето решение.

Трикови за прекин на доење
Кога вие сакате да престане со доење, а детето не, треба да се послужите со трикови за да го надмудрите.
– Променете ги навиките, ако сте доеле во кревет не го правете тоа.
– Сменете ја положбата на доење…детето ќе почувствува дека нешто се сменило, ќе му стане неудобно и со тоа помалку привлечно доењето.
– Ако ништо не помогне, грижата околу детето во голем дел препуштете му ја на сопругот, бидејќи детето секогаш кога ќе ја види мајката плаче за дојка.

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 467

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved