• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Пет митови за татковството

by РиД 06/01/2015 0 Comment
 Пет митови за татковството

Ако сте новопечен татко, веројатно имате некои претпоставки за кои не зборувате за тоа што според вас значи да се биде татко.

Тие идеи се всадени во вашите искуства со вашиот татко и во тоа што вие сметате дека околината го очекува од таткото. За жал постојат многу малку извори кои можат да им помогнат на мажите да размислат на оваа тема и да разрешат некои дилеми.

Можеби најголем мит од сите е оној дека постои само една дефиниција за „добар татко“. Освен него еве уште пет други уверувања и вистината која се крие зад нив.

Мит 1 – само чувствата на трудницата се важни

Телото на вашaтa партнерка се менува во бременоста и фокусот на самото породување го олеснува размислувањето дека само нејзините чувства се важни. Вашата грижа за нејзиното физичко и ментално здравје е важна и сега по породувањето, но исто така се важни и вашите чувства.

Лесно му е на идниот татко да зборува за позитивните страни на татковството, но многу потешко е да се зборува и за неизбежните чувства на страв и неизвесност. Дали ќе се онесвестам на породувањето? Дали ќе има некакви компликаци? Дали ќе се смени нашиот однос по породувањето? Можам ли да имам успешна кариера и да бидам татко каков што сакам?

Вашата партнерка мора да знае за вашите чувства. Многу мажи ги кријат своите стравови од бременоста и татковството не сакајќи да ја оптоваруваат партнерката со дополнителни грижи. Не се плашете дека ќе ја оптоварите. Многу жени сакаат ваква интеракција и знаат дека татковството носи одредени предизвици. Делењето стравови може само да ве зближи. Исто така мора да побарате и други татковци, да прочитате добра книга за татковството и да зборувате со луѓе кои поминале низ истото. Слободно искажете ги своите чувства на ранливост и возбуда.

Мит 2 – новороденчињата всушност немаат потреба од татко

Силна е врската меѓу вашата партнерка и бебето, особено ако дои. Со тоа ви се наметнува размислување дали сте му потребен на вашето бебе. Бидете сигурен дека му требате. Вие сте важна личност во неговиот живот и вашето присуство го теши и смирува. За да се поврзете вие и вашето бебе, држете го, лулајте го, гугајте со него, но почекајте прво да јаде, за да го имате целото негово внимание. Преземањето на бебето по јадењето истовремено и‘ овозможува на вашата партнерка да се одмори по доењето.

Можете и да помогнете при хранење на бебето ако вашата партнерка измолзува млеко во шишенце или ако се решите повремено да го дохранувате со вештачко млеко. На индиректен начин ќе помогнете и ако помогнете во домот. Олеснувајќи и‘ на партнерката на тој начин ќе и‘ овозможите да се релаксира повеќе со бебето.

Мит 3 – мажите не знаат да се грижат за малите деца

Ова е голема лага која ги спречува татковците првентствено да имаат врска со бебето и создаваат беспотребна вознемиреност кај мајката која мисли дека мажите не се способни да се грижат за новороденчето. Таткото може да биде примарен негувател на бебето. Родителството се учи од сите. Ако поминувате време со бебето ќе ги сфатите неговите потреби.

Мит 4 – мажите кои се посветуваат на децата не можат да успеат во кариерата

Мажите често се учат да ја ценат работата како нивен примарен извор на вредност и самопочитување. Основната порака на општеството е дека мажите кои се жртвуваат за семејството и го избираат пред кариерата, го прават тоа бидејќи не можат да постигнат успех во работата. За среќа денес тие работи се менуваат и се‘ повеќе мажи сметаат дека семејството е важно и тоа го подобрува статусот на татковците. Некои мажи го менуваат напредокот во работата за времето поминато со семејството бидејќи татковството ги исполнува, а не затоа што не можат да успеат во работата. Денес мажите се‘ повеќе веруваат дека да се биде добар татко е важно достигнување во животот.

Мит 5 – судено ви е да бидете како вашиот татко

Вашиот татко ќе има ново значење кога вие ќе станете татко. Нормално е да се свртите во својата историја и понекогаш да помислите дека ќе тргнете по стапките на вашиот родител. Но тој не мора да биде ваш примарен пример за улогата на родител, било за добро или лошо. Тој е само еден пример за тоа каков татко можете да станете. Погледнете ги и останатите кои се грижеле за вас во текот на животот, вклучувајќи ги учителите, колегите, пријателите, вујковците и др., и создадете свој идентитет на татко.

Вие морате да направите избори кои се најдобри за вашето семејство. Пробајте да гледате на татковството како улога во која се пронаоѓате себеси додека истражувате различни можности. Можете да ги искористите позитивните нешта од вашата семејна историја и да ги внесете во новите методи.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 487

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe semejstvo tatko бебе семејство татко
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved