• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Овие совети секогаш се активни

by РиД 06/01/2015 0 Comment
 Овие совети секогаш се активни

Драги идни мамички, еве неколку совети за вас кои се‘ уште се активни. Веројатно некои од нив еќе ги практикувате, но не е лошо и нешто ново да научите.

– Избегнувајте продукти како школки, паштети, јајца, меки сирења и месо кое не е доволно термички обработено.

– Кажете им збогум на цигарите! Повеќето трудници уште на почетокот од бременоста едноставно се згадуваат до цигарите, бидејќи хормоните им прават бура во организмот и прават таков ефект. Но, доколку тоа не е случај со вас, обидете се да ги оставите цигарите бидејќи со тоа не правите ништо добро за своето бебе. Ако тоа ви е проблем пробајте да ги сведете на иниум и тоа се‘ до после доењето.

– Пијте многу течности бидјеќи на тој начин ќе го поттикнете својот метаболизам. Овошните сокови како и млекото се здрави. но можат да ви донесат вишок килограми. Денес во продавниците можат да се најдат природни овошни сокови без шеќер, но и тие треба да се пијат умерено. Најдобро е да пиете чаеви и тоа различни видови, бидејќи ист вид чај пиен во голема количина може да предизвика контраефект. Во секој случај внесувајте течности и бидете умерени.

– Бидете внимателни со домашните миленици, за да не дојде до инфекција. Тоа не значи дека треба да бегате од нив и дека не треба да ги помилувате особено ако имате во својот стан, но задолжително потоа измијте ги добро рацете.

– Кога ќе забремените стомакот почнува да расте дури по одредено време, но повеќето трудници веднаш одат во купување на трудничка облека. Не го правете тоа, освен со градникот. Градите почнуваат да растат веднаш, па затоа носете соодветен градник, за да го спречите опуштањето на градите. Секогаш купувајте удобни градници, нежни за кожата, да имаат широки прерамки и да се изработени од мек растеглив материјал и да ви одговара. Пред се‘ бирајте памучни градници како и долна облека, бидејќи е најздрав, а избегнувајте синтетика.

– Што побрзо воспоставете врска со вашето бебе уште кога ќе дознаете дека сте бремена. Кажувајте му „ние двајца сме тим„, така ќе стекнете самодоверба и мир. Нероденото бебе сака лулање во лулашка т.е во прегратката од идниот тато.

– Обратете внимание на вашите стапала кои стануваат малку поголеми во бременоста бидејќи сега носат поголема тежина. За да не дојде до проширени вени задолжително прошетајте или лесно возете статичен велосипед. Најважно е да носите удобни обувки, повремено замолете го партнерот да ви ги измасира стапалата со некој освежителен гел.

– Повеќето трудници се прашуваат дали и понатаму се привлечни? Секако дека да, но сега треба без срам да ја покажете својата потреба за љубов, бидејќи повеќето мажи очекуваат да им дадете некаков знак. Тоа и правете го, размазете се во прегратката на вашиот сопруг каде може да дојде и до нешто повеќе, но бидете и малку егоист во тој поглед, па повеќе удоволете си себеси, отколку нему.

– И на крај ви советуваме да не слушате приказни од некои жени кои го прераскажуваат своето тешко породување. Избегнувајте ги бидејќи тие прават таква приказна за да си олеснат себеси, а не вам.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 144

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: pravila za bremenost sto ne sto smee правила за бременост што не што смее
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved