Освежителни летни пијалаци
Доаѓа летниот период, кога температурите се високи, а на нашиот организам му треба освежување и ладење. Можете да приготвите ледени овошни сокови, леден чај, студени десерти. Денес ви предлагаме да го погледнете изборот кој го нуди сајтот Гурман – три едноставни рецепти за летни освежителни пијалаци
Кремасто ледено кафе со сладолед
Сoстојки:
– 200 мл ладно кафе, малку цимет, 3 лажици слатка павлака, топка сладолед
Приготвување:
Во висока чаша ставете топка сладолед од кафе или чоколадо. Кафето сварете го со цимет и изладено прелијте го преку сладоледот. Направете малку сладолед и декорирајте.
Шумско фрапе со малини и шлаг
Состојки:
– 10 јагоди, рака малини, 250 мл млеко, една лажица лимонов сок
Приготвување:
Јагодите и малините изматете ги со миксер. Потоа, додадете 1 лажица кафен шеќер или мед, млеко, сок од лимон и две коцки лед. Добро измешајте со миксер и украсете со шлаг и малини.
Леден чај од нане
Состојки:
– ½ лимон, лажица чај од нане, 2 лажици овошен чај, лажица зелен чај
Приготвување:
Исечете го лимонот на кришки и заедно со 4 лажици шеќер и литар вода сварете ја течноста. Варете што е можно повеќе за лимонот да испушти повеќе ароми. Тргнете од оган и потоа додадете ги чаевите. По 10-тина минути процедете и складирајте го во фрижидер за да се олади.
Преземено од Гурман