• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Органски душек – дали да го купите за своето дете?

by РиД 04/11/2012 0 Comment
 Органски душек – дали да го купите за своето дете?

Кога купувате душек на кој треба да спијат вашите деца, сигурно сакате да бидете сигурни дека го купувате вистинскиот и најдобриот тип. Многу често денес се слуша за органски душеци. Колку и дали се добри за децата?

Една од главните причини поради која некои родители бираат органски душек за децата е што се поинакви од регуларните душеци, бидејќи пред сè не се изработени од материјли како полиетиленска пена, најлон или полиестер кој е базиран на петролеум. Сите тие емитираат штетни материи и други хемикалии кои не се безбедни за децата.

Органските душеци се изработени од природни материјали кои не емитираат штетни материи и поради тоа некои ги сметат дека се подобри за децата.

 

Што е важно при изборот на органски душек?

Кога ќе се решите да купите ваков душек, треба да знете што да гледате, т.е на што да обрнете внимание:

– Органски памук- се користи за изработка на обвивката на душекот и е многу подобар од материјалите кои стандардно се користат и најчесто се третирани со огноотпорни хемикалии.

– Душеци кои содржат нетретирана волна, бидејќи е природна. Таа е огноотпорна без да се третира со разни хемиклии и е добра заштита од грињи.

– Некои органски душеци содржат природен латекс кој се добива од каучуково дрво.

Придобивки:

– Алергиите се намалуваат – многумина знаат дека синтетичките душеци можат да предизвикаат алергии, кои се проблематични за малите деца, а и за возрасните.

– Оргаските душеци се безбедни дури и за најмалите деца, бидејќи не се третираат со никакви хемикалии воопшто.

– Влажноста во душекот е многу ниска, поради што детето кога спие на него се чувствува попријатно и свежо во тек на ноќта што е многу важно за здрав сон.

Недостатоци:

– Овие душеци се многу скапи, поради што не може секој да си ги дозволи, особено за деца, кои брзо растат.

– Некои луѓе забележале дека органскиот душек има слаткаст, дури леплив мирис кој не може секое дете да го поднесе.

– Бидејќи памукот и волната се природни, лесно се компресираат од тежина и со тек на време од употребата, се појавуваат вдлабнатини и нерамнини. Поради тоа душекот станува неудобен.

– Памукот и природниот латекс се лесно запалливи, што мора да се земе во предвид кога станува збор за безбедноста на децата.

– Некои душеци кои се рекламираат како органски, сепак не се целосно направени од органски материјали.

Заклучок:

Ако немате против да потрошите многу пари за душек за вашето дете и сте свесни за сите недостатоци, кога го купувте, тоа може да биде добар избор. Како и да е размислете добро за сите придобивки и недостатоци кога бирате душек и свесно направете го изборот.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 607

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: dusek za deca organski dusek spienje душек за деца органски душек спиење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved