Диеталните газирани пијалоци се штетни
Пред да се решите да посегнете по диетален газиран пијалок, бидејќи сакате да внесете што помалку шеќер во организмот, прочитајте колку се штетни и што навистина кријат овие напивки. Диеталните сокови сè почесто се пијат, а американскиот Journal of Clinical Nutrition пишува дека таквите пијалоци се најпопуларни меѓу децата. Сепак диеталните газирани сокови, можеби имаат помалку шеќер, но и други состојки и вештачки засладувачи кои можат да му наштетат на вашето тело. Today Health издвои седум најопасни проблеми кои можат да ви ги предизвикаат диеталните газирани сокови.
Проблеми со бубрезите
Универзитетот Харвард 11 години правел истражување со 3.000 жени во кое се покажало дека диеталната кока кола доведува до зголемен ризик од откажување на бубрезите. До тоа може да дојде ако жената дневно пие повеќе од две лименки кока кола. Бидејќи за таквата состојба не е одговорен вистинскиот шеќер, научниците веруваат дека се виновни вештачките засладувачи.
Проблеми со метаболизмот
Универзитетот во Минесота во својата студија вклучил 10.000 луѓе, а резултатите покажале дека само еден диетален сок дневно може да ја поремети работата на метаболизмот за 34 % што на крајот резултира со дебелеење околу струкот и зголемен холестерол.
Дебелина
Медицинскиот универзитет во Тексас спровел истражување во кое стои дека диеталните сокови можат да предизвикат повеќе дебелина. Дури ако пиете две или повеќе лименки негазиран диетален сок дневно, обемот на вашиот струк може да се зголеми за 500 отсто! Вештачките засладувачи можат да ја пореметат природната способност на телото да го регулира внесувањето на калориите на база на вкусот од храната, што значи дека луѓето кои конзумираат диетални сокови повеќе јадат, бидејќи телото на некој начин е излажано и бара повеќе.
Посилен мамурлак
Кралската болница во Австралија дошла до откритие дека човекот побрзо и полесно се опива ако пие пијалок мешан со диетални газирани сокови. Тоа е затоа што вештачките засладувачи делуваат така да алкохолот побрзо влегува во крвотокот.
Оштетување на клетките
Во диеталните сокови има натриум бензоат кој како додаток на прехранбените продукти (конзерванс) има ознака Е211. Сепак некои диетални сокови како кока кола и пепси не го содржат злогласниот конзерванс. Професорот по молекуларна биологија и биотехнологија на британскиот универзитет Шефилд, како и стручњак за стареење, Питер Пјпер, во долгогодишното истражување на хемискиот состав на натриум бензот открил дека може трајно да ја оштети ДНК. Е211 ги напаѓа митохондриите, делови од клетките кои му обезбедуваат на организмот енергија. Таквите оштетувања се сметаат за причина за низа неуродегенеративни пореметувања како што е Паркинсоновата болест или општо придонесуваат за побрзо стареење.
Расипани заби
Со pH вредност од 3.2, диеталните сокови имаат јака киселост, а таа ги уништува забите. Возрасните лица кои пијат три и повеќе лименки на ден имаат полошо здравје на забите, тврди студијата направена на универзитетот во Мичиген.
Репродуктивни проблеми
Освен самиот сокa, опасни се и лименките бидејќи содржат бисфенол А (BPA). Тоа е хемикалија која се користи за зацврстување на материјали и се поврзува со многу опасности по здравјето па и со репродуктивни проблеми.