Одржувајте ја кожата на лицето чиста и хидратизирана
Кожата е најголемиот орган за детоксикација на вашиот организам, па поради тоа треба многу да внимавате и да ја одржувате чиста. Прво и најважно е да запомните дека секој секој тип кожа е различен и има различна потреба за нега. Како правилно да го исчистите лицето во неколку чекори ве советува Magnolia Glamour
Наутро – исчистете го лицето со гел за миење или средство за чистење лице на база на вода.
Навечер – со маслен отстранувач на шминка ставен на памук отстранете ја шминката и сите нечистотии кои се растворливи со масло. Втор чекор е чистење со тоник или друго средство на база на вода, на ист начин како наутро.
Следен чекор е хидратацијата на кожата. Оваа постапка можете да ја изведете во најмалку два чекора:
1. хидратантен тоник и/или хијалуронска киселина
2. хидратантен крем. Доколку имате сува кожа може да нанесете и хранлива крема, со цел соодветно да ја нахраните сувата кожа. Кремата може да се замени и со маслен серум, кој ја негува и храни кожата, ги намалува брчките, акните и лузните.