Детоксикација по oбилните празнични оброци
По обилните оброци на кои се препуштивте во текот на празниците, на телото му треба детоксикација за да не останат трајни последици и да можете да си ја вратите силата и енергијата. Најдобра детоксикација овозможуваат овошјето, зеленчукот, водата и чаевите.
Детоксикација со течности
Чајот од коприва е докажан како одличен детоксичен пијалок за крвта. Како добар диуретик тој помага да ги исфрлите токсините од организмот. Копривата е одлична за бубрезите. Корисна е за исфрлање на песок од мочниот меур и топење на бубрежните камења. Ги исфрла токсните од крвта и преку стимулација на бубрезите да излачуваат вода помага во исфрлање на метаболитичкиот отпад од организмот. Влијае поволно на целиот систем на варење, активирајќи ги телесните природни одбранбени механизми. Со овој чај добро е да го почнете денот, а исто така е добар како лек за мамурлак. Освен него моќни детоксикатори се зелениот чај, екстракт од артичока и водата. Зелениот чај одамна е познат по своите антиоксидантни својства. За него велат дека е најдрагоцената течност која можеме да ја внесеме во организмот. Освен што ќе го исчисти од токсини, зелениот чај ќе ја забрза работата на црниот дроб што дополнително помага во чистењето на организмот. Уште една состојка која поволно влијае на работата на црниот дроб е екстркатот од артичока. Имено црниот дроб при детоксикација постои опасност да се оптовари со многу штетни материи, а ако нема добра заштита и да се оштети. Затоа овој благотворен екстракт е вистинското решение. Водата како еликсир на животот најдобро делува на организмот, ако ја пиете доволно, односно до два литри на ден. Но ако сакате да се детоксицирате, треба да го зголемите внесувањето. Тие што забораваат да пијат вода утрото треба да го почнат со шише од два литри. Така ќе следите дали доволно ја пиете.
Растителна детоксикација
Овошјето и зеленчукот во свежа состојба, како салати или цедени сокови се вистински благодат за организмот по обилните мрсни празнични јадења. Лимонот обезбедува сигурна детоксикацја, бидејќи витаминот Ц ги топи токсините и го забрзува исфрлањето од организмот. Најдобро е ако го пиете свежо цеден, но ако не можете, разблажете го со вода. Не додавајте шеќер, бидејќи го намалува влијанието на витаминот Ц. За зелката не се зборува многу, но факт е дека е здрава храна. Има силно дејство на ензимите кои се наоѓаат во црниот дроб, што го забрзува чистењето на организмот. Освен тоа зелката е зеленчук со силни антиканцерогени својства. Слични својства има и брокулата, па настојувајте овие зеленчуци да ги конзумирате почесто. Освен нив и листестиот зеленчук содржи многу хлорофил кој од организмот ги исфрла различнтие токсини и го растеретува црниот дроб. Најдобро е да го јадете сурово, бидејќи тогаш влијанието на неговите својства е најголемо.
Детоксикација со препотување
Препотувањето е еден од најосновите начини за исфрлање на токсините, и најтрадиционален. Како метод го користеле уште старите Ескими и Маите. Се користело во сите цели за лечење од грип до повреден мускул, дури и во некои верски обичаи. Има два начини за потење, првиот е со спортување, но проблем се ладните денови, кога производството на пот не е еднакво за истиот вложен напор во врелите денови. Добра замена за зима е бикрам јога, која се изведува во врели простории, ве поти, добивате мобилност, баланс и координација. Можете да ја практикувате еднаш неделно, во тек на зимските денови.
Ако имате пристап до сауна нема подобар начин за детоксикација во зима. Покрај тоа ментално и физички се ослободувате од стрестот. Со сауната ќе се ослободите и од токсичните метали кои постојат во нашето опкружување, благодарение на температурата која делува на метаболизмот за време на престојот во сауна и неколку часа потоа кога настојува да се излади. Уште еден начин на препотување во зимските денови е кардио тренинг во теретана. Ако го изведете добро може да биде добар начин за детоксикација. Можете да вежбате на три справи по 15 минути. Почнете со справа за веслање, потоа направете неколку спринтови на лента за трчање и вратете се на веслање.
Уште неколку совети за детоксикација
По празниците уште овие работи може да ги правите
– Обезбедете си добар сон. Тоа е секогаш важно, а во последно време доста занемарено поради забрзаниот живот.
– Ако постојат два додатоци кои треба да ги земате во текот на цела година тогаш тоа е рибино масло и ЗМА. Тоа не се додатоци за детоксикација, но ќе помогнат да се чувствувате добро во текот на цела година. ЗМА е комбинација од цинк аспартат и магнезиум аспартат.
– Одржувајте ги цревата здрави. Земајте еднаш или два пати годишно пробиотски препарати за да го исчистите целиот систем.