Што откриваат ноктите за вашето здравје?
Вашите нокти можат да дадат корисни информации за вашето здравје. Поинаква боја, текстура или некои други промени можат да се знак дека нешто се случува во вашето тело. Еве девет знаци кои можат да откријат некои заболувања.
1. Бледи нокти – најчесто се знак на сериозни болести како: анемија, конгестивни проблеми со срцето, болести на црниот дроб, лоша исхрана
2. Бели нокти – ако ноктите се бели со темни рабови, може да е резултат на проблеми со црниот дроб, како хепатит. Уште еден знак за проблеми со црниот дроб се жолтеникави нокти.
3. Жолти нокти – за ова најчеста причина е габична инфекција. Ако таа се влоши, може ноктот да отпадне. Во ретки случаи, жолтиот нокт е индикација за многу сериозни состојки, како проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, псоријаза или пак болести на белите дробови.
4. Синкави нокти – ноктите со синкаста боја, се знак дека организмот не добива доволно кислорот. Ова може да е индикација за инфекција на респираторните органи, како пневмонија. Некои срцеви проблеми се поврзуваат со појавата на сини нокти.
5. Распукани нокти – се знак дека е можна појава на псоријаза или воспалителен артритис. Обезбојувањето на ноктите во оваа состојба е често, додека бојата на кожата под ноктите може да биде црвено- кафеава.
6. Напукнати или разлистани нокти – суви нокти со појава на пукнатини или пак листање на ноктите најчесто се поврзува со болести на тироидната жлезда. Ако ова е пропратено со жолта боја, можно е да станува збор и за габична инфекција.
7. Подуена, отечена кожа околу ноктите – ако ви се појави ваква состојба, тогаш е знак дека се случува воспалителен процес. Може да е резултат на лупус или друга болест на сврзните ткива. Инфекцијата може да се прошири и на коренот од ноктот.
8. Темни линии под ноктите – Темните линии под ноктите се аларам што побрзо да отидете на испитувања. Тие некогаш се знак за меланома, најчестиот и најопасен тип на рак на кожата.
9. Изглодани нокти – грицкањето нокти е многу повеќе од лоша навика. Некогаш тоа е знак за присуство на анксиозност, која има потреба од лекарски третман. Или можеби грицкањето нокти е последица на опсесивно – компулсивно нарушување. Ако не можете да запрете, посоветувајте се со лекар.