Правилна нега на бебешката кожа
Денес во продавниците можат да се најдат бројни препарати за нега на бебињата, но треба да се обрати внимание на некои општи барања кои тие мораат да ги задоволат.
Тоа се однесува на фактот дека одреден препарат треба да направи тенок, мастен слој, да ја чисти и штити бебешката кожа од прљавштини, да спречува развој на микроорганизми, да го намали црвенилото и чешањето кое често се јавува при движење на детето.
Сапуни
Кожата на бебињата веќе неколку дена по раѓањето може да се мие со сапун, кој има за цел да ги отстрани наслагите од површината на кожата, било да станува збор за надворешни честички, како што е прашина или производи на кожата. Исто така го спречува развојот на бактерии. Со истражувања е докажано дека за бебешката кожа најдобри се неутралните сапуни без мирис и боја. Но, мора да напомнеме дека миењето со сапун и тоа често, не е добро, бидејќи на тој начин се уништува надворешната заштитна обвивка на кожата.
Пени за капење и шампони
Овие препрати наменети за бебиња се со благо дејство и идеални се за миење на бебешкото тело и косичка. Бидејќи се многу благи, со тоа не ги иритираат бебешките очи кои се многу чувствителни. Во состав на овие препарати често има екстракт од камилица или лаванда кои ги спречуваат воспалителните процеси на кожата.
Масла
За чистење на кожата под пелените се препорачува употреба на бебешки масла, по што кожата се посипува со тенок слој пудра. Маслото ја отстранува нечистотијата, а делот кој се задржува на кожата штити од штетното дејство на мокрачата и фекалиите, па на тој начин се спречува појава на црвенило на преклопите.
Пудри
Детската пудра секогаш била корисна за нега на бебешката кожа. Нивна задача е да го намали триењето и да ги апсорбира секретите од површината на кожата. Сите бебешки пудри без разлика за која станува збор, се стерилни и не се штетни, но мораат да се нанесуваат во тенок слој. Во слуќај да нанесете подебел слој вишокот се претвора во грутчиња кои можат да предизвикаат црвенило на кожата. Исто така водете сметка бебето да не вдише честички од пудрата.
Лосиони
Погодни се за чистење на кожата од масла, бидејќи ги отстрануваат сите видови нечистотии, а на кожата оставаат тенок мрсен слој кој не ги пореметува функциите на кожата. Освен што добро ја чистат кожата, лосионите спречуваат, па и лечат воспалителни процеси, а кожата по нив останува мека и влажна, додека во преклопите е добро заштитеа и со тоа се намалува опасноста од црвенило.
Креми
По миењето и чистењето со масло или лосион, бебешкото газе и преклопите, на пример под брада, пазувите, меѓу ножињата, неопходно е да се намачкаат со квалитетна детска крема. Овие креми го спречуваат појавувањето на осип како и иритација на кожата која настанува од неповолните атмосферски влијанија – сонце, ветер, влага, ладно… На газето и преклопите треба да нанесете крема во нешто подебел слој, додека на лицето и останатите делови од телото треба да нанесете во тенок слој.
Како што споменавме на почетокот денес има многу производи за нега на бебињата, не е важно за кој ќе се одлучите, но важно е правилно да ги користите и да не претерувате, за да не предизвикате контра ефект. Наведените препарати се основни за нега и треба да се придржувате на правилата.