• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Нега и грижа за здрави стапала

by РиД 13/06/2012 0 Comment
 Нега и грижа за здрави стапала

Кога размислуваме за грижата за здравјето, стапалата ретко кому му се приоритет. Обично мислиме дека тие долго ќе бидат здрави со редовна хигиена, но тоа не е секогаш доволно – на стапалата многу влијаат и (не) квалитетот и (не)удобноста на чевлите, начинот на живот како и телесната тежина

Хигиена

Хигиената на стапалата најдобро се одржува ако секое утро облечете чисти чорапи на свежо измиени и исушени стапала. Тврдата кожа повремено треба да се отстрани. Ноктите треба редовно да ги сечете, но на умерена должина, без навлегување во месото, (можете да предизвикате инфекција т.н враснување на ноктот).

Квалитет на обувките

Ако обувките се неудобни, сигурно се и неквалитетни, а тоа значи дека не смеете да носите претерано високи потпеици (без разлика што некои жени го тврдат спротивното). Секако, понекогаш на модата и естетиката треба да им се даде предност, но само на неколку часа и повремено. Секојдневното носење високи потпетици непотребно ги оптеретува стапалата, бидејќи нашето тело не е градено така да без последици ја носи нашата тежина на стапалата поставени под стрмен агол и потпрени воглавно на прстите и предниот дел од стапалата. Квалитетната распределенот на оптеретувањето меѓу прстите и стапалото, е многу важно, па најудобно ќе ви биде во чевли со потпетица не повисока од 3 – 4 сантиметри.

Животни навики

На хигиената и добрите обувки додајте им ги општите совети за здрав живот (умерена и редовна телесна активност, правилна исхрана и одржување на умерена телесна тежина) и веќе сте направиле многу за своите стапала. Но, тоа нема да биде доволно за оние кои многу стојат, особено ако имаат зголемена телесна тежина. Долготрајното стоење е големо оптеретување, па стапалата попуштаат и се деформираат. Ако не можете да избегнете повеќечасовно стоење, секако јавете се кај ортопед. Кога можете, барем накусо седнете, односно обидете се повремено да ја растеретите едната, па другата нога, т.е често менувајте ја положбата во која стоите. Правилното држење на телото подеднакво е важно и за карлицата и стапалата.

Рамни (спуштени) стапала

Ова е честа дијагноза која многу е поврзана со квалитетот на обувките и начинот на живот. Кај нормалното здраво стапало, сводот е повисок, па изразито рамното (или спуштено) стапало ќе го препознае и лаик со гледање на отпечаток од стапалото. Но, и ако мислите дека немате рамни стапала, а живеете типично градски живот, ви советуваме да повремено посетите ортопед, особено ако чувствувате болки во стапалата. Тој ќе открие и малку рамни стапала, што лаик може да не ги забележи. Раната интервенција ќе ги сочува стапалата од понатамошни деформации. Многу помагаат ортопедски влошки или обувки, како и посебни вежби за зајакнување на мускулите на стапалата.

„Атлетско стапало“ и други габични инфекции

Габичните инфекции се најчестата кожна болест, што не е невообичаено бидејќи габичките се размножуваат секаде каде што е влажно, темно и топло. Оттука и називот – „атлетско стапало“ – спортистите и личностите кои многу се потат, најлесно се заразуваат. Габичките може лесно да се пренесат со допир на заразено ткиво или предмет. Средствата против габички можат да се купат во аптеки, без лекарски рецепт, но ако инфекцијата не минува, треба да побарате лекарски совет.

Жуљеви и плускавци

Овие проблеми се последица на триење од чевлите и кожата (при тесни и неудобни чевли, но и при потење). Плускавците обично настануваат на места каде кожата е најтенка, болни се, но и брзо минуваат. Иако жуљевите знаат да почнат како плускавци, изгледаат сосема поинаку и се препознаваат како тврдо задебелување на кожата. Чести се на испакнатите делови од стапалото – зглобивите од прстите и петиците. Повеќето луѓе на почеток ќе забележат црвени и малку болни површини. Како кожата станува тврда, обично некое време не боли, но кога ќе стане многу тврда и дебела, влегува се подлабоко и почнува да ги притиска нервите, што може да биде многу болно. Се отстрануваат хемиски и механички, а потоа најдобро е кожата да се навлажни, за да омекне.

Од сето наведено, видливо е дека најзагрозени се личностите кои повеќе се потат. Без разлика дали тоа е поради склоност или начин на живот (спорт, тешка физичка работа) им се препорачува да не останат само на хигиена, туку превентивно да посетат ортопед и дерматолог.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 260

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: higiena nega obuvki stapala zdravje zuljevi жуљеви здравје нега обувки стапала хигиена
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved