Најважните реченици што мајките и татковците треба да ги кажат на своето дете

Воспитувањето на детето е животна задача, честопати полна со сомнежи и прашања. За детето да прерасне во самоуверено, среќно и способно дете, од помош се следниве седум реченици кои секој родител треба да му ги каже на своето дете:
1. „Те сакам“
Покажувањето љубов е најважно, но детето исто така треба да чуе дека го сакате. Секој ден кажувајте му на вашето дете дека го сакате, а кога ќе порасне ќе му биде полесно да им каже на другите дека ги сака. Кажете му на вашето дете „Те сакам“ и во среќни и во оние помалку среќни моменти затоа што тие зборови ќе му значат многу.
2.„Се гордеам со тебе“
На детето му треба родителска потврда дека нешто прави добро. Кога другите ќе му кажат дека направило нешто големо, детето нема да биде целосно среќно ако не ги слушне тие зборови и од родителите. Затоа, погледнете го вашето дете во очи и кажете му дека сте горди на него, но и зошто сте горди на него. И не само кога ќе добие добра оценка во училиште или кога ќе направи нешто добро. Бидете горди на вашето дете затоа што работи напорно, дава сè од себе и не се предава.
3. „Жал ми е“
Детето треба да види дека неговиот родител не е совршен и дека и тој може да направи грешки. И дека е во ред да се прават грешки. Затоа, мора да признаете кога сте биле неправедни кон детето и да му се извините, исто како што барате од детето да ви се извини на вас или на другите кога ќе направи грешка. Покрај тоа, на овој начин ќе му дадете приме како да се однесува кон другите кога ќе порасне и да се извини кога ќе погреши.
4. „Те слушам“
Оваа реченица е особено важна кога детето влегува во пубертет. Научете го вашето дете да ви се доверува и да не се плаши да ви каже што го мачи и што размислува. Ова најдобро ќе го постигнете ако му кажете на детето „Те слушам“ и оставете го да зборува. Поставувањето премногу прашања ќе претставува повеќе одвлекување на вниманието отколку помош. Затоа, важно е детето да добие навика што побрзо да им верува на родителите.
5. „Тоа е твоја одговорност“
Не му помагајте на детето во ситуации кога може само да го реши проблемот. Можеби имате најдобри намери, но на овој начин детето може да добие чувство на несигурност и да не може само да го реши проблемот. Бидете како тренер: подгответе го вашето дете пред натпреварот, навивајте за него од страна и разговарајте потоа за тоа што направи добро и што може да поправи.
Ова може да се однесува на училишни активности, но и на домашни работи како што е чистење на собата или шетање на кучето. Родителот мора да му всади чувство на одговорност на детето, бидејќи на овој начин тоа ќе прерасне во самоуверена и способна личност.
6. „Ти можеш тоа да го направиш!“
Важно е детето да чуе дека родителот верува во него и да знае дека е способно да направи нешто. Никој не може да внесе поголема доверба кај детето од мама и тато. Вашето дете треба да знае дека може да ги постигне сите свои соништа и цели ако работи напорно и дека никогаш не смее да се откаже во тешки моменти.
7. „Не“
Понекогаш најдоброто нешто што можете да направите за вашето дете е да му кажете „не“. Во тој момент, детето сигурно нема секогаш лесно да го прифати тоа и ќе се налути, но кога ќе порасне, ќе го цени она што му го кажавте кога беше време за тоа.