Модри патлиџани со моцарела
Состојки:
– 3- 4 модри патлиџани, 2 топки моцарела, доматен сос (рецепта подолу)
За доматниот сос – 2 главици црвен кромид, 500 г домати, 2 чешниња лук, 300 г печурки, босилек, маслиново масло, сол
Приготвување:
Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на кругови. Загрејте го грил тавчето или пак испечете ги на тостер, додека омекнат.
За да го подготвите доматниот сос излупете го кромидот и исечете го на мали коцки, исто и печурките. Во тавче ставете да се пржат на малку масло, кромидот и исечканиот лук. Кога ќе омекне кромидот, додајте ги сечканите домати, па оставете да се крчка додека испари водата. Зачинете со сол и сечкан босилек. Во тавче (со димензии 27х27) ставете еден слој од сосот со домати, над него ставете малку сечкана моцарела и еден ред модри патлиџани. Продолжете со редење на слоеви по ист принцип. Завршете со ред модри патлиџани, над нив доматен сос и ред моцарела. Ставете да се пече во рерна на 190 степен околу 20 минути. Нека се излади пред да послужите.