Moже ли сексот да е добар, без оргазам?
Сексуалниот чин за да биде наречен совршен треба да бидат исполнети повеќе елементи, а оргазмот е секако еден од нив. Притисокот за неговото постигнување е подеднаков кај двете страни: мажот да ја доведе жената до оргазам како потврда за својата љубовна умешност и жената да го достигне врвот и така да се задоволи себеси и партнерот.
Но не секогаш е лесно да се постигне оргазам, па оние кои имаат проблем со тоа знаат да кажат дека поважен е самиот чин на водење љубов. Додека луѓето кои немаат проблем ќе ви речат дека без раазлика на оргазмот, сексот може да биде добар или лош.
Вистина е дека жените потешко (некои дури и никогаш) го доживуваат. Додека многумина сметаат дека проблемот е во главата, резултатите на едно истражување покажуваат дека вината е кај двата пола.
Поранешни истражувања покажуваат дека голем број жени се подготвени да го задоволат партнерот, а потоа мирно да заспијат без и самите да се задоволени. Поразен е резултатот од анкетата според која дури 75 % од жените биле со партнер со кој немале оргазам а тој за тоа не бил загрижен. Како и да е оргазмот е златна завршница околу која се врти целата приказна, па ако имате проблем со постигнување, време е со партнерот да посветите повеќе внимание на тоа.