Меријем Узерли е жена на годината
Мерием за списанието направи посебна фотосесија и даде интервју во кое искрено зборуваше за тоа со какви проблеми се соочила во Турција на патот кон славата.
Убавата актерка родена е 1983 година во германскиот град Касел, од мајка Германка и татко Турчин. Со актерство се занимава од десет години, а нејзина најпозната улога е токму таа на Хурем султан во познатата турска серија. За потребите на серијата таа го учеше турскиот јазик, кој слабо го зборувала поради животот во Германија.