Верувате ли во бабски приказни?
Постојат толку многу старински приказни кои ќе ги слушнете во текот на бременоста, што ќе ви биде тешко да се одлучите што е факт а што фикција, особено ако тоа се приказни кои со години се прераскажуваат.
Бремените жени не треба да се бањаат во полна када
Ова е лага, како и да е некои веруваат дека е виситна. Бремената жена може слободно да се бања во када полна со вода. На тој начин прво ќе си помогне себеси релаксирајќи се и олеснувајќи си ги болките во грбот, особено во напредната бременост. Сепак не треба да седите во када со вода, ако ви пукнал водењакот, бидејќи тогаш матката е подложна на инфекции. Исто така мора да се напомене дека мора да внимавате на температурата на водата, која не смее да биде премногу топла, над 37 целзиусови степени, бидејќи тоа може да предизвика зголемување на вашата телесна температура и проблеми на бебето, особено во првото тромесечие.
Држењето на рацете над главата може да му наштети на бебето
Вистината е дека оваа позиција на вашите раце, нема никаква врска со положбата на бебето во матката ниту може да се поврзе со обвиткувањето на папочната врвца околу него. Бебињата се раѓаат со обвиткана папочна врвца многу често, а причината за тоа се раните движењ кои ги прават во матката додека сеуште се мали и имаат простор за слободно движење.
Ви треба врела вода во близина кога се пораѓате
Факт или фикција? Реално никој не е сигурен зошто старите жени порано им велеле на сопрузите да стават вода да зоврие. Некои мислат дека со тоа сакале да ги оддалечат од собата додека жената се пораѓа. Додека други велат дека тоа било начин да се осигураат дека сите потребни инстрименти за породувањето се стерилизирани. Воедно инструментите се држеле на топло, наместо да се изладат. Денес, вакво нешто не е потребно. Со оглед на фактот дека породувањата се извршуваат во болнички услови.
Ако имате многу киселини во бременоста, бебето ќе има многу коса
Бидејќи има се помалку место во стомакот, поради растењето на бебето и клоцањето, киселините стануваат многу чести во текот на бременоста. Нема доказ или причина да верувате дека проблемите со желудникот се знак дека бебето ќе се роди со голема коса.
Партнерот ќе добие јачмен на окото, ако не ви даде што сакате за јадење
Додека ова е навистина забавен начин за да добие трудницата што сака, причината за појавата на јачмен во окото, нема врска со ова. Како и да е тоа не значи дека личноста која ќе одбие да ја исполни желбата на својата бремена партнерка е безбедна….
Сексот може да иницира породување
Ова е вистина! Додека ужива женското тело лачи хормон окситоцин кој помага да се отвори цервиксот полесно и да се подготви за породување. Машкото семе содржи хормон простагландин, кој предизвикува контракции. Сексот често се препорачува на крајот од здрава и нормална бременост. Консултирајте се со својот лекар!