Машко име со најтажно значење
Кога родителите бираат име за своето бебе, често се решаваат и за стари, традиционални имиња, кои биле актуелни уште од дамнешно време. Ако сте едни од тие на кои им е важна традицијата, треба да знаете дека овие имиња, иако се стари не е нужно да го имаат значењето кое денес им се дава, дури и ако потекнуваат од овие балкански простори.
Веројатно најдобар таков пример е името кое и денес е популарно – Ненад. Ова име се смета за изворно српско, но присутно е и кај нас како и во други бивши ЈУ републики. Се смета дека води потекло од негација на глаголот „надевање“ или „очекување“. Името најчесто им се давало на деца кои “ненадејно“, “одненадеж“, дошле на свет, односно родителите не им се надевале. Најчест случај било кога мајката ќе забремени во подоцнежни години.
Иако ова не значи дека е негативно толкување, има етнолози кои одат подалеку и велат дека ова машко имe води потекло од негацијата на глаголот “сака“ и практично значи “несакано дете“, додека други го оспоруваат ваквото значење.
Ова име нема ниту еден друг облик, а е едно од ретките кое не може да се изведе во женски облик на име.