Исфенирајте се како професионален фризер
![Исфенирајте се како професионален фризер](https://roditeliideca.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/kosafeniranje.jpg)
Ако имате проблеми со фенирањето и често косата ви е “непослушна“, наместо да биде рамна и мазна, можно е да не го знаете златното фризерско правило.
Кога ја фенирате косата не користете само топол воздух. Ако до сега не знаевте зошто служи ладниот воздух на фенот, време е да дознаете.
Ладниот воздух од фенот е клучен за правење постојан волумен и ја држи вашата коса рамна и обликувана. Прамените коса повлекувајте ги преку кружна четка (пречник најмалку 6 см), додека ја фенирате косата со врел воздух. Потоа пуштете ладен воздух од фенот и продолжете со четката да ги обликувате прамените. На крај оставете ја четката во косата барем 2-3 минути, па лесно извлечете ја од прамените. Така косата ќе ви биде прекрасна, рамна и мазна.