Мачките и бременоста
Ако имате мачка лекарот најверојатно ќе ви предложи да ја подарите некому во тек на бременоста, поради ризикот да се изложите на токсоплазмоза. Не морате да се ослободите од своето милениче.
Само е доволно да превземете мерки на претпазливост и сè ќе биде во ред.
Токсоплазмоза е инфекција предизвикана од паразит, а пволни извори се недоволно термички обработени меса, немиено овошје и зеленчук. Еден начин да се заразите од овој паразит е при директен контакт со лицето на вашата мачка. Повеќето луѓе никогаш немаат директен контакт со лицето од мачката.
Друг начин е ако чистите канта за отпадоци или го средувате дворот, каде ако немате свое милениче, поминуваат и други мачки. Затоа темелно измијте ги рацете кога ќе завршите. На овој паразит потребни му се 24 часа да стане активен и да почне да влијае на вас. Ако пак се грижите за тоа, побарајте некој друг да ги чисти кантата и дворот.
Уште начин да го намалите ризикот од изложеност на токсоплазмоза е да избегнувате недоварени или недопечени меса. Доколку сте навикнати да порачувате послабо печено месо, почнете да јадете подобро печено, барем додека се роди бебето. Погрижете се целото овошје и зеленчук да бидат доволно добро измиени, пред јадење. Мијте ги рацете, така ќе го намалите ризикот.
Но, доколку се сомневате дека сте биле изложени на паразитот, тогаш со едноставна анализа на крвта можете да дознаете дали е така. Со тестот се утврдува дали вашиот имун систем произведувал антитела за одбрана од овој паразит. Ако сте биле изложени на токсоплазмоза додека сте бремени, шансите за појава на некои компликации се минимални. Симптомите од изложеноста на овој паразит се слични на симптомите од грип. Токсоплазмозата се лечи.