Лубеница со нане и фета
Состојки:
– 1 лубеница, маслиново масло со арома на босилек (или обично), фета, нане
Приготвување:
Исечете ја ладната лубеница на коцки со еднаква големина. Фета сирењето здробете го, а нането измијте го и исечкајте го ситно, на лентички. Наредете ги коцките лубеница во чинии за сервирање, попрскајте ги со маслиново масло, ставете над нив од дробената фета и сечканото нане. Попрскајте со уште неколку капки маслиново масло.