5 видови храна која предизвикува несоница

Ако имате проблеми со спиењето, често се случува да посегнете по храна? Тоа може некогаш да биде добро решение, но внимавајте што конзумирате. Овие видови храна ќе ве спречат да заспиете.
1. Конзервирани и чадени меса – не се обидувајте да и направите сендвич со шунка за вечерна ужинка. Шунката, сланината, колбасите и другите видови чадено месо содржат високо ниво амино ацид тирамин, кој го иницира мозокот да почне да лачи норепинефрин, мозочен стимулант кој ве буди и растревожува.
2. Чоколадо – сакате навечер една чаша топло какао? Уште пред телевизор со некој добар филм – одлично звучи? Бидете внимателни, кога станува збор за чоколадото и сите можни форми во кои се појавува. Многу луѓе, како стареат, се почувствителни на кофеинот, па дури и мала количина чоколадо може да биде доволна за да им го “одземе“ сонот. Чоколадото содржи тиросин, стимулативен амино ацид.
3. Енергетски пијалоци – ред бул и други енергетски пијалоци содржат висок процент кофеин, како и амино ацид таурин, кој делува стимулирачки и го зголемува нивото на адреналин. Најновите истражувања покажуваат дека дури и ако испиете енергетски пијалок во тек на денот, во комбинација со други продукти кои содржат кофеин може да ви донесе несоница.
4. Доматен сос, чили, пица и зачинета храна – дигестивните проблеми се најчеста причина за проблемите со спиењето, но многумина не се свесни за тоа. Зачинетата храна може да предизвика рефлукс, побрза работа на срцето и други симптоми кои предизвикуваат пречки со спиењето.
5. Чашка алкохол – еден до два пијалаци можат да ве релаксираат по вечерата, но неколку часа подоцна ќе ви направат проблем со сонот. Тоа е бидејќи алкохолот предизвикува дехидратација, ве тера да мокрите почесто и да пиете течности. Виното содржи висок процент тиросин.