Лосос со зеленчук
Состојки
– 4 парчиња стек од лосос, 300 г млада зелена боранија, 200 г чери домати, 1 мала тегла млади артичоки (или замена обарен компир), сок од еден лимон, 3 лажици маслиново масло, магдонос, сол и црн пипер
Приготвување
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ја боранијата заедно со доматите, исцедените артичоки (или излупени млади компири) во тава. Додајте го сокот од лимон, маслиново масло, измешајте и зачинете со сол и црн пипер. Ставете ги над зеленчукот парчињата лосос, посипете со магдонос, па уште еднаш зачинете со сол и црн пипер. Вака подготвената риба ставете ја во рерна и печете 15 минути. Ќе знаете дека е готов лососот кога коската во средина ќе можете лесно да ја извадите. Сервирајте веднаш.