Лимон торта
Состојки:
За филот: вода, 3 јаја, 1/3 чаша сок од лимон (2-3 лимони), 1 лажица рендана кора од лимон, ¾ чаша шеќер, 4 лажици путер на собна температура
За кората: 1 ½ чаша брашно, 1 ½ лажичка пециво, ½ лажичка сол, ¾ чаша млеко, 3 лажици путер, 2 лажици свежо цеден сок од лимон, 1 лажичка екстракт од ванила, 3 јајца, 1 ¼ чаша шеќер, 2 лажици рендана кора од лимон
За кремот од ванила: 1 чаша слатка павлака, ½ лажичка екстракт од ванила, 2 лажици шеќер
– боровинки или др. овошје за декорирање
Приготвување:
Прво подгответе го филот од лимон. Ставете ги јајцата во еден сад, додајте го шеќерот, сокот од лимон и варете ги во сад на пареа со постојано мешање, додека добиете воедначена смеса, околу 8 – 10 минути. Тргнете го садот на страна и промешајте да нема грутки. Во ова додајте го путерот исечкан на коцки. Додајте ја кората од лимон и измешајте да се соединат состојките. Покријте со фолија да не се создаде кора над филот. Ставете во фрижидер да стои минимум четири часа пред да го употребите. . Подобро е ако можете да го приготвите од вечер или неколку дена порано.
Во друг сад измешајте ги брашното, пецивото, солта да се распоредат подеднакво. Во еден сад ставете да зоврие млекото со путерот. Тргнете го садот на страна додајте ги ванилата и сокот од лимон. Во сад изматете ги шеќерот и јајцата додека добиете пенеста смеса. Во ова додајте ја кората од лимон. Со миксерот на најмала брзина мешајте и додавајте ја смесата од млеко и путер. Потоа додајте ја мешавината од брашно и пециво. Промешајте лесно и распоредете ја смесата во подмачкан плех. Печете 20- 25 минути на 200 степени или додека добие златно жолта боја. За тоа време изматете ја слатката павлака со ванилата и шеќерот. Ставете да се излади 30 минути во фрижидер. Кога ќе биде печена тортата нека се излади и над нејзе распоредете го филот од лимон, наоколу украсете со матената слатка павлака и со боровинки.