• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Купувајте успешно на распродажба

by РиД 03/08/2013 0 Comment
 Купувајте успешно на распродажба

Искусните шопинголичари знаат дека костимите за капење се купуваат во септември, маиците со куси ракави во октомври, а волнените џемпери во април.

Можеби тогаш изборот нема да биде добар, но затоа ќе ве израдуваат спектакуларните цени. Дознајте ги тајните за успешно пазарување во тек на сезонските попусти.

Купувајте на крајот од сезоната

Распродажбите ве чекаат на крајот од секоја сезона, па затоа најдобро е тогаш со најголем попуст да го купите она кое долго време го посакувате. Костимите за капење се купуваат кон крајот на август и во септември, а топлата облека веднаш по зимските празници. Ќе заштедите барем 50% ако се држите до овој совет.

Спријателете се со продавачката

Задолжително станете пријатели со продавачката во омилениот бутик. Не само што први ќе знаете кога почнува распродажбата, туку можеби и ќе сака да ви сочува некое парче облека за ден-два, за да ја искориститите распродажбата кога ќе почне.

Инвестирајте во класика

Тренди облеката секогаш е примамлива, особено на распродажба, но запомнете дека нејзината актуелност е со краток век. Ако сакате облека која долго ќе ја носите, тогаш погледнете ја онаа во класичен стил и квалитетна изработка. Крајот на сезоната е времето кога се купува токму таква гардероба.

Не купувајте само поради името на креаторот

Рачно изработеното здолниште од свила и сваровски кристали, со етикета од познат дизајнер, на попуст од 70% звучи импресивно. Но дали навистина ви треба? Ако во орманот немате нешто со кое можете да го носите или едноставно немате многу пригоди кога би го носеле тоа здолниште, тогаш тоа е едноставно фрлање пари.

Не наседнувајте на примамливите слогани

Трговците често ги мамат потрошувачите со написи како „купи еден производ, вториот земи го за пола цена“. Тоа на прв поглед звучи како добра спогодба, но искусните купувачи знаат дека така нема многу да заштедат. Ако платите нешто 500 денари, за другото ќе платите 250 денари, значи вкупно ќе дадете 750 денари, а тоа значи дека сте заштедиле само 25 проценти.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 550

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: kupuvanje rasprodazba soping купување попусти распродажба шопинг
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved