Крцкави пилешки крилца со портокал
Состојки:
За пилешките крилца: 900 г пилешки крилца (само горниот дел), 1 лажица масло, 1 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер
За сосот: 1 ½ лажичка сусамово масло, 1 ½ лажичка маслиново масло, 2 чешниња толчен лук, 1 лажичка рендан свеж ѓумбир, 2 ½ лажички сечкано црвено луто пиперче (може и не луто), 800 г мармалад од портокал, 100 мл соја сос
Приготвување:
Измијте ги и исчистете ги крилцата, па оставете убаво да се исцедат од водата. Префрлете ги во голем сад, додајте ги сечканиот зеленчук и зачинете. Измешајте добро да се залепат состојките за крилцата, па потоа ставете ги плех покриен со хартија за печење, и ставете да се печат во рерна загреана на 200 степени, 45- 50 минути. Извадете ги готовите крилца и ставете ги во сад. Ставете ги двата вида масло во сад и на средна температура да се загреат. Додајте ги лукот и ѓумбирот, па мешајте околу 3 минути да се пржат на тивко. Додајте ја сечканата пиперка и мармаладот, промешајте, па додајте го соја сосот. Гответе на средна температура со повремено мешање, околу 5 минути. Прелејте ги крилцата со сосот, промешајте малку и послужете веднаш.
Забелешка – можете да го подготвите истото јадење со пилешко бело месо, свинско или пак ракчиња.