Објавени извадоци од дневникот на Ричард Бартон
Во пишаните сведоштва може да се прочита за чувствителната страна на актерот кој имаше голема склоност кон алкохол.
„Таа направи од мене човек каков што требаше да бидам, таа е возбудлива љубовница, срамежлива е и духовита“ – пишува Бартон.
„ Таа е одлична актерка…може да биде арогантна и тврдоглава, но таа е попустлива и нежна.“
Понатаму во други делови од дневникот актерот наведува дека Елизабет може да толерира сè што е кај него неподносливо, дури и неговите пијанства.
„Таа има болка во стомакот кога сум далеку од неа и таа ме сака и јас ќе ја сакам засекогаш.“
Бартон и Елизабет се запознаа на сминањето на Клеопатра во 1961 година, а врската им се распадна по вториот развод во 1976 година. Книгата треба да излезе од печат во октомври.