Ќе се снима новиот „Бетмен“ со Зои Кравиц и Роберт Патисон
Имено на Роберт доверена му е насловната улога, додека Зои ќе ја видиме во улогата на Жената-мачка. Оваа улога пред Зои ја играа Ен Хатавеј, Хали Бери и Мишел Фајфер. Но за Зои не е прв пат да ја глуми Жената-мачка, односно таа во анимираниот филм „Лего Бетмен“ ѝ го позајми гласот на оваа негативка. Продукцијата на филмот започнува во јануари 2020 гдина во Лондон. Сценариото е на Матсон Томлин заедно со режисерот Мет Ривс, а премиерата е закажана за јуни 2021 година.