Кејт ќе се породи во април
Во соопштение кое го издаде Кенсингтонската палата меѓу другото се наведува дека состојбата на војвотката, која боледува од акутна утринска мачнина, се подобрува, додека полот на бебето се‘ уште се чува во тајност.
Кејт и принцот Вилијам вчера во Лондон го пречекаа претседателот на Сингапур Тони Тен кој ќе дојде на четиридневна посета. Таа, исто така, ќе присуствува на доделувањето на наградите за фотограф на годината на див свет. Војвотката откажа неколку настани откако во септември беше објавено дека е бремена. Кејт имаше акутна утринска мачнина и со првата бременост со принцот Џорџ, кој се роди во јули 2013 година.