Како да си помогнете ако имате вртоглавици во бременоста
Намалувањето на бројот на еритроцити, кои носат кислород низ организмот, може да доведе до вртоглавици, дури и до губење на свеста. Честите нуспојави во бременоста се и намалување на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, што исто така предизвикува несвестици. Превентивно можете да делувате на следниве начини:
1. Земајте високопротеински продукти како што се сирење и јогурт, кои го спречуваат наглото паѓање на шеќер во крвта. Сепак избегнувајте слатки, бидејќи тие предизвикуваат големи осцилации на глукозата во крвта ( нагло покачување, а потоа пад).
2. Кога се станувате од седечка или лежечка положба направете го тоа полека и внимателно. Ако ви се врти во глава, легнете и подигнете ги нозете на перница, за да се врати крвта во горните делови на телото и мозокот.
3. Не лежете на грб. Поради зголемена тежина можете да ја притиснете главната вена, особено при крај на бременоста. Затоа подобро легнете на страна.
Сепак запомнете дека силните вртоглавици може да се знак за анемија, поради што задолжително посетете лекар. Исто така одењето кај лекар е неопходно ако губите свест или чувствувате силна вртоглавица, особено на крај од бременоста, бидејќи тоа може да значи висок крвен притисок.