Дајан Кругер објави прва фотографија од ќерката

На фотографијата, 43-годишната русокоса се гушка со ќерка си, а тоа е со грб свртено кон камерата.
Познатата холивудска актерка со германско потекло стана мајка за прв пат на 42 години, во бракот со актерот Норман Рид (43), познат по серијата „Живи мртовци“. Актерската двојка ја чува својата ќерка далеку од очите на јавноста уште откако се роди. Всушност Кругер не е една од ѕвездите што сака да го дели својот приватен живот со јавноста.
Таа во една прилика додека ја шеташе ќерка си му покажа среден прст на папарацито кој се обидуваше да ги фотографира, ап отоа на својт Инстаграм профил напиша дека истото ќе му се случи на секој кој се обидува да го наруши нејзиниот личен простор:
„Како родители, не сакаме ништо повеќе од тоа да го порасне нашето дете во безбедно опкружување. Затоа, ве замолуваме да вие не ги објавувате овие фотографии и да ни помагнете да ја постигнеме нашата цел “.
Додека девојчето е прво дете за Кругер, Норман го има синот Мингус Луциен Ридс (20) од врската со манекенката од манекенката Хелена Кристенсен. Дајан и Норман ја открија врската откако во во март 2017 година биле забележани како се бакнуваат во Њујорк. Пред тоа, Кругер беше во десетгодишна врска со својот колега, Џошуа Џексон од серијата „Афера“, пред да се разделат во летото 2016 година.