• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Kорона вирус- сè што треба да знаете

by РиД 26/02/2020 0 Comment
 Kорона вирус- сè што треба да знаете

Корона вирусите (CoV) се голема фамилија вируси кои предизвикуваат болести како MERS-CoV и SARS-CoV. Новиот корона вирус nCOV  досега не бил детектиран кај луѓе.
Корона вирусите се зоонози, што значи дека можат да се пренесуваат од животни на луѓе. Детални истраги открија дека SARS-CoV бил пренесен од вид дива мачка (цивет) која живее во Азија и Африка, додека MERS-CoV од припитомени камили, на луѓе. 

Симптомите на корона вирусот се:
– течење од носот, главоболка, кашлица, воспалено грло, грозница, респираторни симптоми, губење на здив и потешкотии со дишењето. Во некои случаи инфекцијата може да предизвика пневмонија, како и акутен респираторен синдром, откажување на работата на бубрезите и смрт. 


Како се пренесува инфекцијата со корона вирус?
Човечките корона вируси најчесто се шират од заразена личност преку:
– кашлање и кивање
– близок личен контакт, како што се допири или ракување
– допирање на предмети и површини на кои има вирус, а потоа допирање на устата, носот или очите, пред да се измијат рацете
– ретко – фекална контаминација

Како да се заштитите?
Моментaлно нема вакцини кои би ве заштитиле од инфекција, но ризикот можете да го намалите на следен начин:
– често мијте ги рацете со сапун и вода, најмалку 20 секунди
– избегнувајте да се допирате на очи, нос или уста со немиени раце
– избегнувајте близок контакт со болни луѓе

Како да ги заштите другите?
Ако имате симптоми како за настинка, можете да им помогнете на другите на следен начин:
– останете дома додека сте болни и веднаш јавете се кај матичниот лекар
– избегнувајте близок контакт со други луѓе
– покријте ги устата и носот со хартиено шамивче, кога кивате или кашлате, а потоа веднаш фрлете го во канта и измијте раце. Или ако немате шамивче, кивајте и кашлате во свиткан лакт (кренете ја раката кон лицето, свиткајте ја во лактот ).
– чистете ги и дезинфицирајте ги предметите и површините кои сте ги допреле.

Ако сте патувале во странство во последните 14 дена, особено во реони зафатени со корона вирус:
– Останете дома ако се чувствувате лошо, дури и ако имате слаби симптоми како главоболка, течење на нос…додека оздравите. Зошто? Избегнувајќи контакт со други и посетата на лекар ќе го спречите ширењето на евентуалната болест.
– Ако развиете грозница, кашлица, тешкотии во дишењето, побарајте медицинска помош и совет, при што ќе објасните детално каде сте биле, колку време сте престојувале и сè што е потребно. Со ова ќе помогнете да се намали ширењето на вирусот.

Митови и вистини

1. Електричните сушари за раце го уништуваат корона вирусот
НЕ. Поефикасно е редовното миење на рацете и чистење со дезинфициенс на база на алкохол. Потоа избришете ги или исушете ги.

2. УВ дезинфекциската ламба ги убива вирусите
Оваа ламба не смее да се користи за стерилизирање на рацете или други рено од кожата, бидејќи УВ радијацијата може да предизвика иритација на кожата.

3. Колку се ефикасни термалните скенери за детектирање на луѓе заболени од корона вирус?

Тие се ефективни за откривање на луѓе кои имаат развиено треска (повисока телесна температура), бидејќи тоа е еден од симптомите. Како и да е тие не можат да идентификуваат луѓе кои се заразени, но немаат развиено симптоми, бидејќи за да се развијат потребни се 2-10 дена.

4. Прскање алкохол или хлор на телото ги уништува вирусите?

НЕ. Тоа нема да ги уништи ако вирусите се веќе влезени во вашето тело. Прскањето такви материи е штетно за телото, како и облеката. Вакви материи за дезинфекција можат да се користат само под стручен надзор.

5. Дали е безбедно да се примаат пратки од Кина?

ДА. Корона вирусите не преживуваат долго на објекти како писма или пакети.

6. Дали домашните миленичиња можат да пренесуваат корона вируси?

Денес нема доказ дека домашни миленичиња биле инфицирани од новиот корона вирус. Како и да е секогаш е добра идеја да ги измиете рацете со сапун и вода, кога ги допирате. Тоа ве заштитува и од други болести кои можат да се пренесуваат од животните на луѓето.

7. Дали вакцините против пневмонија штитат од корона вирусот?

НЕ. Овие вакцини како и вакцините против грип не заштитуваат од новиот корона вирус.

8. Дали редовното миење на носот со солен раствор помага во заштита од инфекција?

НЕ. Нема доказ дека ова е делотворно, но помага кај луѓе кои се настинати за побрзо оздравување.

9. Јадете лук за да се заштитите од инфекција

Лукот е здрав зеленчук, но нема доказ дека јадењето во поголема количина може да ве заштити од новиот корона вирус.

10. Постарите луѓе полесно се разболуваат

Новиот корона вирус е опасен за сите возрасти. Како и да е постарите, луѓето со веќе развиени хронични состојби како астма, дијабетес, болести на срцето, се поранливи од другите. Затоа секој без разлика на возраста мора да води голема грижа за личната хигиена.

11. Дали антибиотиците се ефективна превентива против новиот корона вирус?

НЕ. Антибиотиците не делуваат на вирусите, туку на бактериите. Затоа не треба да се користат како превентива ниту како лек против новиот корона вирус. Сепак луѓе хоспитализирани со корона вирус, може да примат антибиотик, бидејќи е можен развој на бактериска инфекција.

12. Постои ли лек кој може да се користи превентивно или да го лекува корона вирусот?

Засега нема таков специјален лек. Најважно е да се грижите за личната хигиена, а ако почувствувате симптоми да се обратите на лекар.

Превземено од СЗО

На овие телефонски броеви можете да се јавите при сомнителни симптоми

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 390

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved