Kрем со јагоди и нане
Состојки:
– 400 г јагоди, 100 г шеќер, 10 листови од нане, 50 мл виски, 5 г желатин, 50 мл вода
За кремот:
– 500 мл млеко, 200 г шеќер, 50 г нишесте, 50 г путер, екстракт од ванила
Приготвување:
Во тенџере ставете ги измиените и исечкани јагоди со шеќерот и нането, варете 10 минути со повремено мешање. Додајте 50 мл виски, 1 лажица екстракт од ванила и гответе уште 3-4 минути. Тргнете го садот на страна, испасирајте ја смесата и оставете да се излади на собна температура. Во меѓувреме сварете 400 мл млеко со шеќерот и кога ќе зоврие додавајте го нишестето растворено во 100 мл млеко и варете со постојано мешање додека се згусне. Додајте го путерот и 2 лажици екстракт од ванила. Промешајте, па готовиот крем излејте го во чаши и оставете да се стврдне. Растворете го желатинот со водата и оставете да набабри. Јагодите исцедете ги да немаат семки, додајте им го желатинот и варете на пареа да се згусне. Оваа смеса веднаш излејте ја над кремот во чашите. Оставете да се излади и послужете по желба со додаток матен шлаг.