Јазикот научен како мајчин, не се заборава лесно
Познавањето англиски јазик, при тоа се мисли на негово течно говорење и пишување, а не само основно познавање, е повеќе од неопходно. Обидете се да најдете било каква работа кај нас, не во странство, ќе ви побараат доказ за познавање англиски јазик.
Пробајте да учите за онлајн маркетинг, ИТ или некоја слична област – нема да можете без англискиот јазик. Отворете го интернетот и што и да пребарувате, ќе најдете 90% податоци на англиски јазик. Или ако патувате во странство, вашето основно познавање на англиски јазик ви создава непријатност поради сознанието дека нема да можете добро да се разберете со луѓето. Познавањето англиски јазик денес е дел од општата култура.
Сепак денес има многу луѓе, особено млади кои не го зборуваат и не сакаат да го научат со изговори од типот „ не ми оди“ ; „не можам јас тоа“… Секако има вистина и во тоа, но не треба на тоа да се остане. Едноставно требаат труд и работа за да се научи.
Учењето англиски јазик може да почне од најрана возраст, а дека е лесно направете обичен тест. Дајте му на двегодишно дете секој ден во текот на една недела да гледа едно кратко видео на јутуб. По неколку дена ќе го слушнете како тоа ги повторува зборовите – бои, форми, бројки…
Во текот на овие десет години колку што работам со Хелен Дорон методот, кога ќе дојдат родителите на демо час кај нас, често ме прашуваат – „Ккако тоа моето мало дете кое не проговорило мајчин јазик ќе научи и англиски?“ Друга дилема е – „Дали му правам забуна. Мало е да ги разликува двата јазици, ќе почне да ги меша?“ Потоа – „Какви ви се тие програми за деца под една година?“
А мојот одговор е – дали вие кога ќе го донесете дома новороденчето, го оставате во креветчето и само го земате и оставате, не зборувајќи му ништо, затоа што нели не ве разбира или секој ден му се обраќате како на возрасен? Му зборувате дење и ноќе, сè што ќе ви текне. Дури и песнички му пеете, приказни му читате. Зошто, кога тоа е штотуку родено и не ве разбира и ништо на мајчиниот јазик?
Но, по некое време како расте бебето почнува да ви „возвраќа“ со гугање и поврзување на првите зборчиња. Па вие продолжувате да го поттикнувате и неколку пати ги повторувате нештата – „мама“ ; „ова е ма-ма“ ; „тато“, „каде е тато?“ и т.н. Едноставно вие му помагате на своето дете да го развие говорот на мајчин јазик. Лесно и неосетно.
Токму тоа се случува кај нас во Хелен Дорон. Со дозирано изложување на англискиот јазик, во средина која е комплетно англиска, бидејќи децата откако ќе влезат во центарот со наставниците комуницираат исклучиво на англиски, ги поттикнуваме од најрана возраст да почнат да го учат напоредно и англискиот јазик. Да, најмалите на почетокот не нè разбираат, но целта е да научат како да нè разберат. А јазикот кој е научен како мајчин не се заборава лесно.
Уште една работа која на која сакам да ви обрнам внимание – замислете ситуација да треба да отидете во странство со своето дете. Да се преселите и да живеете таму засекогаш. Вие ќе мора да го пуштите детето во градинка или во школо, зависно од возраста. Дали ќе ве спречи во тоа неговото непознавање на англиски јазик или едноставно ќе го однесете и ќе го оставите да се снаоѓа како знае. Не се плашете, детето нема да се изгуби и да му е тешко, бидејќи од најрана возраст децата најлесно учат, преку секојдневното слушање и логички ги поврзуваат работите. Таков е случај и во билинглваните бракови. Двајцата родители ќе зборуваат со детето на својот мајчин јазик, а тоа подеднакво ќе ги совлада двата јазици без проблем. Според научните истражувања децата кои во текот на растењето се изложени на два јазици во својата блиска околина имаат поголем IQ oд децата кои се опкружени само со еден. Имено докажано е дека со слушањето и користење на два јазици се зголемува бројот на синапси, врски меѓу нервните клетки во мозокот, кои се задолжени за пренесување на дразби и импулси. Со зголемениот број синапси се зголемува и протокот на информации. А бројот на синапси е во директна врска со интелегенцијата, бидејќи двојазичните деца ги имаат повеќе, тие се во состојба да развијат поголема интелегенција од очекуваната.
Затоа колку порано почнете со учење на англиски јазик, тоа подобро. Но никогаш не го споредувајте своето дете со другите, оти искрено, постојат деца на кои лесно им оди учењето странски јазик, и деца кои ќе им треба повеќе време да го совладаат истиот материјал. Главната работа кај учењето јазик е дека тоа е процес кој трае. Да се каже го научив англискиот јазик и повеќе не морам да учам, едноставно не е точно. И мајчиниот јазик го учиме од првиот ден на раѓање, а потоа и во текот на целото школување, без разлика што знаеме одлично да го зборуваме. Учиме како да пишуваме и учиме граматика на мајчин јазик. Јазикот ако не се користи, побрзо се заборава отколку што се учи.
А како да се научи англискиот јазик?
Едно е сигурно – дефинитивно не во школо. На таа идеја заборавете, бидејќи во училиштата кај нас повеќе се учи граматика, отколку јазикот. На крај на школска година детето ќе има петка, но само затоа што на памет добро научило неколку граматички правила и доволно зборови за на тест или да одговори на испрашување. Сетете се од вашите ученички денови, колку пати на часови сте зборувале на англиски јазик? Сигурно ретко или никогаш. И тука не се виновни наставниците, бидејќи тие имаат одредена програма која мораат да ја исполнат, по редослед и број на часови. Но во суштина англискиот како јазик не се користи во школо.
Од книги може да се совладаат некои граматички правила, кои се само основа. Од интернет и телевизија, се залажувате дека ќе го научи англискиот како што треба. Не дека нема да научи ниту еден збор, но ќе научи и многу неправилни изговори, зборови…
Правила за изучување на англискиот јазик се едноставни и докажани од стручни лица, а истите ги следиме ние во Хелен Дорон:
* Редовно слушање англиски јазик – како што споменав погоре, откако ќе влезат во училиштето, па сè до завршување на часот учениците говорат исклучиво на англиски јазик. А дома англискиот јазик го слушаат преку користењето на цедиња со песни и текстови специјално направени за нашиот метод. Доволно е два пати дневно, секој ден, да се слушаат цедињата за да детето го повтори и запомни тоа што е научено на час. Други домашни нема. Освен слушањето на цедињата кои доаѓаат со материјалот, децата имаат пристап и до Helen Doron Song Club (https://www.youtube.com/user/HelenDoronSongClub) јутуб канал на кој има песнички со видеа кои можат да ги слушаат секогаш кога ќе посакаат. Додека за повозрасните ученици на располагање е Teen Buzz radio (https://www.teenbuzz.co/) каде постојано се емитуваат музички програми со најновите хитови, а овозможена е комуникација со водителите преку интернет и директно вклучување во програма.
* Гледање видеа без превод – за ова некој ќе помисли дека е потребно делумно познавање на англискиот јазик, но кај нас во Хелен Дорон, тоа не правило. Имено видеата кои децата ги добиваат во материјалот, се така дизајнирани да се соодветни на возраста и поврзани се со материјалот кој го учат во нашето школо. Денес гледањето на видеа и слушањето на песнички, е олеснето со апликацијата Helen Doron Stream која е комплетно бесплатна и на која можат да се вклучат од било кој паметен уред во секое време за да ги слушаат песните и да ги гледаат видео епизодите.
* Играње игри – јазикот одлично се учи кога се играат игри на англиски. Верувам дека сите во одреден период имате играно некоја игра на англиски јазик од која сте научиле по некој англиски збор поврзан со секојдневниот живот, домот, семејството и тн. Во Хелен Дорон играњето игри е овозможено преку Кangi Club (http://kangiclub.com/) , каде пристап имаат сите наши ученици, а игрите се соодветни на нивото кое го посетуваат. Освен тоа постојат и бројни бесплатни апликации кои ги има на Google Play, како и App Store, кои може да ги користат и оние деца кои не се наши ученици.
* Без критика – едно од основните правила кај нас во Хелен Дорон е positive reinforcement – позитивното поттикнување. Кај нас не постојат зборовите – „не знаеш“, „не е точно“…. и други зборови кои критикуваат и напаѓаат. Затоа не ги користете ниту дома, туку оставете го детето секогаш кога е во можност да го користи англискиот јазик. Да, детето ќе го погреши зборот неколку пати, но следен пат ќе го научи како што треба, но поправањето треба да биде суптилно и неосетно, без изразена критика. Така децата се охрабруваат да го зборуваат англискиот јазик и сè полесно го користат. А колку повеќе го користат толку подолго ќе го знаат. Оти јазик кој не се користи, лесно се заборава. И секој пат кога и да отидете во странство, на одмор или кратко патување, поттикнете го да зборува на англиски, а неговите обиди пофалете ги искрено.
Автор: Анита Златкова – франшизер во Хелен Дорон Центар
Закажете бесплатен демо час во центарот најблизу до вас
Helen Doron Centar – 071 293 613
Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – 072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391