• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Холестерол кај деца

by РиД 14/12/2018 0 Comment
 Холестерол кај деца

Нашите деца се нашата иднина и од голема важност е како се хранат. Но, за жал, не можам да кажам дека тие се хранат здраво. Најчесто јадат тостови, хамбургери (брза храна) и газирани пијалоци.Треба многу да се внимава додека растат да внесуваат важни нутритиви. Изборот на храната треба да е баласиран и да содржи сѐ што е потребно: протеини, масти, јагленохидрати, минерали и витамини во оптимален сооднос – вели нутриционистката Валентина Глигорова, која од овој месец ќе ги советува нашите читатели за здравата исхрана.

Раното детство е најранливиот период во развојниот стадиум на човекот. Во текот на првата година од животот доенчето има интензивен раст и развој и продолжува да расте во наредните години. Тоа е проследено со забележливи промени во развојот, составот и функионирањето на органите. Необезбедувањето на доволно нутриенти во овој период, може да доведе до несакани ефекти во растот и развојот.

Јадењето здрава храна го заситува организмот со многу хранливи материи и состојки кои се потребни за негово правилно функционирање. Здравата храна исто така им дава енергија и ги зајакнува нивните витални органи.

Доволен внес на железо, калциум, Б витамини, вклучувајки ја и фолната киселина, хлорофилот што живот значи, есенцијалните амиокиселии се основни елементи за правилен развој на децата и тинејџерите.

Изборот на храната треба да е балансиран и да содржи сѐ што е потребно. Житарките, мешунките, сировите јаткасти плодови, овошјето, сувите овошја и зеленчукот е храната што децата треба да ја јадат во изобилство.

Од неа организмот ја добива потребата енергија за растење, играње,учење и развивање. Истовремено се обезбедува високоенергетска храна која оди во полза во здравјето на детето.


Исхрана за нормализирање на холестерол кај деца

Високиот холетерол не е проблем само на возрасните. Ваквата алармантна состојба е изразена и кај децата. Еден од факторите кој придонесува за покачено ниво на холестерол во крвта кај децата е неправилната исхрана, која е богата со масти особено од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и јаткасти плодови.
Други виновници за покачување на холестеролот се физичката неактивност и дебелината. За да се подобри ситуацијата потребно е децата што повеќе да конзумираат плодови богати со растителни влакна.
Тука спаѓаат овошјето, зеленчукот, житарките и јаткасите плодови, посебно бадемите. Најпогодни намирници во борба против холестеролот се грав, грашок, леќа и друг мешункаст зеленук. Потоа бобинкасто овошје – малини, капини, боровинки и јагоди, потоа броукла, карфиол, цитрусно овошје. Често треба да се внесува лук, кромид и зелени салати.

Храна која не се препорачува
Пред сѐ треба да се исфрли преработена храна, особено да се забрани внес на сувомесни производи и слични преработки. Да се намали внесувањето на месо како и конзервирана храна и газирани пијалаци кои треба да се заменат со свежо цедени сокови.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 136

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved