Итрата Северина: И покрај судската забрана успеа да објави фотографија со синот Александар
„Мајлс Моралес и Жената-мачка ви посакуваат среќна и мирна година, полна со прегратки. П.С Драг Дедо Мраз, и Плејстешн 5“ напиша таа во објавата која за брзо време собра над 70.000 допаѓања.
Со ова, според многумина, Северина успеа да го надитри Општинскиот граѓански суд со чија одлука таа привремено не смее на социјалните мрежи да објавува фотографии од малолетниот син.
На втората фотографија која таа ја објави е заедно со мајка ѝ, на која ѝ го честиташе роденденот:
„Тито и јас. Среќен роденден мамо и нека на сите ни биде старонормална Новата година. Никогаш веќе да не го споменеме името на извесен господин Рихтер“, напиша Северина во објавата на фотографијата на која позираат со мајка ѝ покрај новогодишната елка, облечени во исти карирани кошули и темни панталони.