• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Анита Лазарова, од салонот за убавина „Тренд АС“: Дозволете професионалци да се грижат за вашата убавина

by РиД 15/12/2020 0 Comment
 Анита Лазарова, од салонот за убавина „Тренд АС“: Дозволете професионалци да се грижат за вашата убавина

Центарот за убавина „Тренд АС“, нуди широка палета третмани за слабеење и обликување на телото, третмани против целулит како – мезотерапија, криолиполиза, кавитација, липоласер, рф, светлосна лед терапија. Покрај нив тука ќе најдете третмани за нега на лице, разни масажи и спа услуги, депилација, како и третмани за разубавување – јапонско исцртување на веѓи, педикир, маникир, свилени трепки, професионална шминка и фризерски услуги од кои најбарана е надградбата на коса.

Во склоп на центарот повеќе од две години функционира мини кардио- вежбална, која клиентите ја обожаваат, бидејќи секој може да ја користи индивидуално во свој термин. За услугите кои ги нудат како и за целото искуство со работа во оваа област разговаравме со Анита Лазарова, сопственичка на салонот „Тренд АС“

По 20 години работа во државна институција, Вие решивте да започнете свој бизнис, поврзан со убавината на жените. Што ве поттикна да се решите на ваков потфат?
– Моето размислување е дека иднината е во занаетите. Како економист и стекнатото искуство во менаџирањето  дотогаш имав искуство само како корисник на овие услуги, но постојано си велев дека треба да се обидам да се впуштам во таков подвиг. Така пред 17 години почна приказната за „Тренд АС“ .Воопшто не беше, а и денес секојдневно има предизвици, но никогаш не се покајав можеби затоа што имам таков авантуристички дух и секој предизвик ми е мотив за напред. Единствено што многу ми пречи е недостатокот на стручен кадар и сметам дека многу време издвоив за до-едукации, едукации на основните козметички услуги, а всушност ова е дејност која се движи со светлосна брзина напред и потребно е секојдневно едуцирање. Еве и ова интервју ќе го искористам да апелирам до единственото школо кое кај нас едуцира ваков кадар да воведат пракса која ќе биде цела една година за кога ќе го завршат средното образование имаме козметичари подготвени за работа. Сите курсеви кои се нудат се само дополнување на знаењето добиено во специјализираното школо за козметичари.Во соседните држави има и катедри во високо образовните институции каде можат да се дообразува ваквиот кадар. Зошто и ние да немаме барем една таква катедра? Ова е бизнис на иднината потребно ни е тоа.

Најголем проблем денес кај жените, а често и кај мажите е одржувањето на телесната тежина.Кои се најефикасните третмани за слабеење и противцелулит?

–  Кога станува збор за тоа кој третман ќе даде најдобар резултат, не може да биде само еден. За клиентот да ги добие посакуваните резултати потребна е индивидуална програма во која се комбинираат повеќе видови третмани. Искуството и апаратурата со која располага салонот и соработката со клиентот даваат неизбежно добри резултати. Во нашата понуда на пакети имаме и годишен пакет кој содржи 20 мезотерапии и 360 третмани по избор, кој веќе една деценија е во нашата понуда и е еден од најприфатените бидејќи за да се постигнат посакувани резултати кај клиентот потребно е време и многу третмани. Со овој пакет се добива и голем попуст на третманите. Најважно во сè е дека имаме задоволни клиенти поради постигнатите резултати.

Дел од вашата понуда се и третманите против стареење. Што им нуди вашиот салон на клинетите во „борбата со годините“?

– Едно од правилата за успешен анти-ејџ третмани е навремена и континуирана нега на кожата. За таа цел нашиот салон нуди третмани како мезолифтинг, BHS, дерма- ролер (апликација на ампули со концентрати како колаген и хијалурон) и други третмани од THALGO и SEA OF SPA. Нудиме третмани соодветни за возраста на клиентот. Но, она што би го препорачала на сите клиенти независно од возраста е секако еднаш неделно да посетат салон и да дозволат на профенсионалци да ја негуваат нивната кожа. Доволна е една масажа на лице, маска или сл. да го спречите „венеењето“ на кожата поради сите надворешни влијанија и стресот кој секојдневно го доживувате.

Колку македонските јавни личности се корисници на вакви третмани?
– Според мене, токму тие се лицата кои треба да се најчести корисници на вакви услуги, затоа што тоа е нивниот влог во професијата која ја работат. За моите две деца, Стефан и Марија Лазарови, кои исто така се занимаваат со јавни професии, третманите во салонот се стил на живеење.

Што е пресудно да се опстои на пазарот?

–  Низ годините колку што постоиме на пазарот сведоци сме за промените кои се случуваат во областа на убавината и негата. Сметаме дека причините зошто нашата работа е успешна се срдечниот однос, ексклузивноста, исполнувањето на потребите на нашите клиенти, професионализмот и неуморната желба за новитети и напредување.
Бидејќи ова интервју го правиме пред Новогодишните празници би сакала на сите читатели да им посакам многу здравје и благосостојба во следната година, а оваа веќе никогаш да не ни се повтори. Грижете се за себе и доверете ја грижата за вашата убавина на професионалци .„Тренд АС“ постои за Вас.
комерцијален текст

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 607

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved