Илина и Јована пеат за љубовта
Oва е нивна десетта песна, а ја пеат и химната на нивното училиште ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, каде Илина е во четврто одделение, додека Јована второ. Тие две напоредно го посетуваат и нижото музичко училиште „Илија Николовски Луј“, каде Илина е трето, а Јована прво одделение.
Автор на текстовите за песнички кои ги пејат Илина и Јована е нивната мајка Кристина, а додека музиката, аранжманот и продукцијата се дело на нивниот татко Сашо, кој подолго време се занимава со музика и компонирање. Покрај музиката Илина и Јована ја сакаат и глумата, за што три години посетуваат часови во драмско студио.
Видето записот можете да го погледнете на нашиот сајт.