Хомеопатија- слично со слично се лекува
Сè почесто сме сведоци за појавата на нови и поинакви алтерантивни методи за лечење. Сите тие нудат лекување на разни болести, без класичните медикаменти. На некои од нив гледаме со недоверба, а некои се веќе одамна прифатени и имаат сè поголема примена. Една од тие методи е хомепатијата, за која луѓето во Македонија почнаа да дознаваат пред десеттина години. Од првите срамежливи обиди и внесувањето на мала врата, денес хомеопатијата сè поактивно се користи.
Пристапот во овој немедицински метод на лечење или исцелување е да му се помогне на организмот (кој природно тежнее) да се излекува самиот себе. Хомеопатијата е метод кој го почитува принципот дека сите симптоми на болест се манифестација на дисхармонија на личноста во целост, и дека пациентот е тој на кој му е потребна терапија, а не на неговата болест. Постои и емотивната хомеопатија, каде што делувајќи само на одредените чуства му се помага на пациентот да се врати во својата рамнотежа.
– Не постои болест доколку човекот е во својата рамнотежа. Но ако таа рамнотежа се наруши како ефект на стрес, тага или пак чувства како омраза, љубомора, тогаш болеста многу лесно доаѓа – советуваат хомеопатите.
По приемот на пациентот, хомеопатот зема една опширна анамнеза за неговата целосна состојба. Тука се вклучени физичките и емотивните симптоми. Потоа се одредува терапија која се состои од посебни хомеопатски препарати, за одреден временски период. Тоа е уште познато како издавање „конституциска“ терапија.
Поради тоа од клучно значење е пациентот да биде потполно искрен со хомеопатот при земањето анамнеза, за да може правилно да се одреди терапијата. Во спротивно освен што нема да му помогнат препишаните препарати, туку може да дојде и до влошување на состојбата. За среќа ова не е опасно и симптомите брзо се повлекуваат, ама тогаш пациентот ќе научи колку е важно да биде искрен со својот хомеопат.
Постои уште еден начин за издавање терапија, кој се базира на акутните симптоми и се практикува кога симптомите се појавиле ненадејно, како настинка, дијареа, кашлица и т.н. …
– Пример за акутно издадена терапија е препаратот Arnica кој најчесто се препишува кај повреди кои се манифестираат со појава на модринка или мускулна болка. Комбинираното препишување е кога во комбинација на конституциската терапија се издава и уште еден препарат кој го потенцира ефектот на првиот делувајќи одредено за даденото заболување.
Соодветна за сите возрасти
Како при секој метод за лекување и кај хомеопатијата може да се случи да не се добие бараниот ефект набрзо по земањето терапија, а причина за тоа е што најчесто луѓето очекуваат инстант ефект по првата примена терапија, а тоа не е можно.
Хомеопатските лекови се именуваат како препарати, бидејќи хомеопатијата не лекува, туку му помага на човекот да се врати неговата состојба на здравје можат да бидат од растително, минерално или животинско потекло. Истите се земат орално во вид на глобули, таблети или капки или можат да се втријат преку кожа или во многу ретки случаи како инекција.
За разлика од конвенционалната медицина каде што колку е поконцентриран лекот толку е поголема неговата јачина, во хомеопатијата е обратно, односно колку е поголемо разредувањето толку е појак препаратот и неговото дејство. Вообичаено хомеопатијата нема несакани ефекти, но пациентот може да доживее влошување како резултат на почеток на процесот на оздравување. Овој ефект најчесто се среќава кај хроничните заболувања каде во подолг временски период симптомите на заболувањето биле потискани со алопатски лекови. Ова е позитивен ефект на терапијата и знак дека издадениот препарат делува.
Со хомеопатија може да се занимаваат само сертифицирани хомеопати. Едукацијата трае најмалку три години, и при тоа се стекнува познавање од Историја на хомеопатијата, Филозофија на хомеопатијата, Материја медика и практични вежби. По успешно положениот испит може да почне да се практикува овој метод.
Теа кидс 2015 г. – Анита Златкова