Фереро ролат
Состојки:
За кората: 6 јајца, 100 г шеќер, 25 г какао, 2 лажици нишесте, 180 г црно чоколадо, 100 г лешници, 100 г бадеми, 2 лажици врела вода
За кремот: 100 г чоколадо, 130 г путер, 3 лажици крем од лешник, 50 г мелени лешници
Приготвување:
Прво вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Во еден сад ставете ги само белките и матете ги ви цврст снег, а жолчките во друг сад изматете ги со шеќерот да добиете кремаста смеса.
Чоколадото стопете го на пареа, па додајте ги какаото и нишестето. Лешниците и бадемите потпечете ги и во блендер исечкајте ги ама не да ги сомелете, па додајте ги во смесата. Матете со миксер да се соедини смесата и да добиете крем. Во тоа додајте ја врелата вода. Кога ќе се соедини исклучете го миксерот и измешајте лесно со шпатула додавајќи ги матените белки. Сместа ставете ја во плех обложен со хартија за печење. Потоа печете во рерна 15 минути. Кога смесата ќе биде печена посипете ја со какао, па свиткајте ролат во влажна крпа и оставете да се лади. Полека одвикајте и филувајте со крем добиен од топено чоколадо со путер, крем и мелени лешници. Горе декрирајте со топено чоколадо или по желба со нешто друго.