Ектопична бременост
Бременоста при која оплодената јајцеклетка се вгнездува надвор од матката е позната како ектопична или вонматерична. Доколку не се открие на време и не се третира може да предизвика сериозни компликации кај жената. При 95% од ваквите бремености ембрионот се имплантира во јајцеводите, но можно е тој да се вгнезди и во овариумите, цервиксот дури и стомакот.
Сите случаи на вонматерична бременост за жал завршуваат предвреме, бидејќи ембрионот не може да се развие во бебе.
Ектопичните бемреност не се ретки и можат да и‘ се случат на секоја жена. Дури случат и кај жена која има деца по претходни нормални бремености. Постојат неколку фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на ваква бременост. Најчесто тоа се јајцеводи кои се запушени или полни со разни неправилности, историја на ектопични бремености, ендометриоза, употреба на лекови за плодност, контрацепција базирана на прогестерон, и во ретки случаи генетска абнормалност или вродена мана која се однесува на обликот и формата на јајцеводите.
Вонматеричната бременост тешко се дијагностицира, особено во раните фази, бидејќи симптомите се слични како при нормална бременост. Кафеавкаст исцедок, низок крвен притисок, вртоглавици, константни болки во долниот дел од стомакот и во пределот на кичмата, се најчестите симптоми кои индицираат ектопична бременост, па ако почувствувате некои од нив, треба да отидете на лекар. Ако се сомнева во ваква бременост лекарот ќе ве упати на тест преку крв со одредување на нивото на HcG хормонот. Ултразвучен преглед ќе помогне да се види дали има ембрион и каде е имплантиран, но не и ако е бременоста во рана фаза. Ако не може да биде потврдена или исклучена вонматерична бременост, ќе бидете упатни на дополнителни тестови во наредните денови. Кога ќе се потврди вонматеричната бременост најчесто се отстранува со лапараскопска операција.
Раното откривање на вонматерична бременост ви дава шанса да ги избегнете сите непријатни компликации, па ако имате некои од симптомите посоветувајте се веднаш со својот лекар.