• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Дупер освојува

by РиД 03/10/2018 0 Comment
 Дупер освојува

Нивните песни имаат посебен стил и се лесно препознатливи, а Дупер , триото зад кое стојат Мартина Баракоска (20), Борис Какуринов (20) и Илчо Нечовски (20) подеднакво ги сакаат и помладите и повозрасните.
– Дупер неофицијално постои од јануари, 2017 година, а официјално од 20 јуни, 2018 година. Може да се каже дека меѓусебно сите се „препознававме“, но заедно нè спои Борис на една проба. Сите влечеме на своја страна од музиката, а сето тоа го канализираме низ нашите песни – ни откриваат и велат дека засега се задоволни од реакциите од публиката, кои им се поттик плус да продолжат .
Освен Мартина која е студентка на музичка академија, Илчо е иден психолог, а Борис студира Економски факултет. Но љубовта кон музиката е она кое ги спојува. Мартина свири на тапани и перкусии, Борис на гитара и клавијатури, а Илчо освен што е главен вокал свири на бас гитара. Идеите за нови песни и спотови најчесто им доаѓаат спонтано, сред проба или се случува некој да „донесе“ инспирација од дома, без разлика дали се работи за текст или музика. Инспирација црпат и од омилените музичари:
– Слушаме најразлични жанрови, но еве во последно време некако најмногу поп, рап и рок. Не може да кажеме дека имаме идол, ама инспирација наоѓаме во песните од омилените музичари. Борис ги сака Pharrell и Kanye во последно време, Мартина најчесто на Spotify ги врти Jorja Smith и Steve Lacy и Brockhampton, а Илчо од се‘ по нешто.
Освен за музика, тие имаат време и за своите хобија, дизајн, цртање, фотографирање, фудбал, баскет, возење точак, гледање филмови, дружење, театар, посетување концерти… и се разбира останува време за пиење кафе со пријателите.
И за крај идни планови:
– Планот во иднина е да се направат нови песни, да се вежба и да се свират концерти! Во план е и нашиот прв албум кој треба да излезе следнава година.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 498

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved