• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Дружбата со 5+ Бендот продолжува

by РиД 23/12/2015 0 Comment
 Дружбата со 5+ Бендот продолжува

Со 20 распродадени концерти во Македонскиот Народен Театар, 5+ Бенд убедливо ја одбрани титулата – најјакиот бенд на светот. Од почетокот на серијата концерти 5+ Бенд наполни 15 сали во МНТ, а пред нас се уште 5 незаборавни дружби.

Но, неверојатниот успех на првото големо шоу кое го посетија речиси 12.000деца и родители, ќе финишира со концерт за дечињата од ранливите групи. Во соработка со Македонскиот Народен Театар и неколку организации, со игра и песна ќе ја заокружиме оваа прекрасна приказна.„Чудна шума“, „Љубен си“, „Шепни ми“ и „Фамилија“, се само дел од репертоарот на големото шоу, полно со кореографии, сценски ефекти, мултимедија и директна интеракција со децата. Ова е и концерт и шоу и претстава и мјузикл со пријатно и динамично драмско дејствие, енергично одиграно од ликовите на највозбудливата дружба на македонските телевизии: 5+ Фамилија.

Петко, Лина, Цветко, Комшо, Ана, Марија, Детективот, Тетка Душка и Дедо Менде, вредно работеа на беспрекорната реализација на концертите на кои беа громогласно поздравени од присутните деца и родители.

Едночасовното шоу е во режија на Игор Иванов, сценариото е на Елеонора Венинова, а актерите што ги играат ликовите од 5+ Фамилија и најголеми виновници за фантастичната еуфорија во МНТ се: Билјана Пројковска Драгичевиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Зоран Љутков, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска и Марија Кондовска.5+ Фамилија сака да им се заблагодари на сите кои што учествуваа во реализацијата на концертите, без чија посветена работа и вложена љубов, проектот немаше да блесне во ова светло. Имајте среќни новогодишнипразници, не заборавајте дека #ДружбатаПродолжува и очекувајте нови изненадувања од 5+ Фамилија во новата 2016 година, велат организаторите.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 615

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved